Авдолеон (315-285/6 г. п.н.е.) бил крал на Пајонија.[1] Наследник на Патрај кој владеел до 315 год. п.н.е., кога Авдолеон го наследил престолот.
За него не постојат многу историски податоци и тие пред сѐ се темелат на археолошките истражувања на археолозите од Р Македонија. За време на неговото владеење, Пајонија се ослободила од македонската врховна власт и станала независна држава. Тој настојувал да влезе во кругот на дијадосите и да игра активна улога во настаните во Македонија и пошироко. Сел активно учество во антимакедонската коалиција против Деметриј Полиоркет, кој се прогласил за крал на Македонија во 294/3 г.п.н.е. Авдолеон најмногу придонел во развојот на Пајонија и нејзинот доближување до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Од 289 год. п.н.е. тој ја снабдувал Атина со жито бидејќи македонскиот крал Антигон Гонат го зазел нејзиното главно пристаниште, Пиреј. Поради пројавеното пријателство, атинското народно собрание му подарило златен венец, му доделило атинско граѓанско право и му подигнала бронзена статуа на Агората. Тој имал развиено широка, разновидна но и квалитетна монетарна продукција, за што сведочат археолошките пронајдоци.
По неговата смрт бил наследен од Аристон (286-85 г. п.н.е.)
|first=
му недостасува |last=
(help)