Автомобилски регистарски таблички во Црна Гора

Автомобилските регистарски таблички во Црна Гора, по прогласувањето на независноста на државата во 2006 г. и стекнувањето на меѓународното признавање, од 1 јануари 2008 г. ги имаат следниве ознаки:

Старите автомобилски таблички во Црна Гора

Табличките се со димензии 520 мм х 110 мм, во бела боја, обрабени со црна линија, на левата страна имаат сино поле на кое е испишана ознаката MNE, потоа ознаката на градот, грбот и бројот на автомобилот.

Табличките имаат две букви и три броја, а сопственикот има можност да ја избира комбинацијата. Полициските таблички се со сина, а на армијата со зелена боја.

Ознака Подрачје[1] Пример
AN
Андриевица
BA
Беране
BP
Биело Поле
BD
Будва
BR
Бар
CT
Цетиње
DG
Даниловград
GS
Гусиње
HN
Херцег Нови
KL
Колашин
KO
Котор
MK
Мојковац
NK
Никшиќ
PG
Подгорица
PL
Плав
PT
Петњица
PV
Плевља
Плужине
RO
Рожае
TV
Тиват
ŠN
Шавник
UL
Улцињ
ŽB
Жабљак
  1. „Замена докумената у Црној Гори“. Блиц. 25 април 2008.