Аленка Зупанчич (словенечки: Alenka Zupančič; р. 1 април 1966) — словенечки филозоф кој се занимава со тематики од психоанализата и континенталната филозофија.
Родена е во Љубљана и дипломирала на Љубљанскиот универзитет во 1990 г. Моментално работи како редовен истражувач на Институтот за филозофија на Словенечката академија на науките и уметностите[1] и гостувачки професор на Европската постдипломска школа (European Graduate School).[2] Ѝ припаѓа на Љубљанската психоаналитичка школа која претежно се темели на мислата и делата на францускиот психолог Жак Лакан. Во филозофската мисла на Зупанчич се препознава значително влијание од нејзините словенечки колеги од школата, особено од Младен Долар и Славој Жижек.
Жупанчич обработува разни теми, меѓу кои и етиката, книжевноста, комедијата и љубовта. Особено е позната како проучувач на мислата на Ниче, но се занимава и со други филозофи, како што се Имануел Кант, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Анри Бергсон и Ален Бадју.
|