Армандо Гало | |
---|---|
![]() Армандо Гало во 2014 | |
Роден(а) | Армандо Гало 24 јануари 1944 Мира, Венето, Италија |
Националност | Италијанец |
Занимање | Фотогарф |
Активен период | 1967-сега |
Страница http://www.armandogallo.com |
Армандо Гало (роден на 24 јануари 1944 година) е италијански новинар, фотограф и издавач на книги.
Гало е фото-новинар од 1967 година, кога ги интервјуирал Битлси за италијанскиот магазин „Чао БигC“. Инспириран од ова искуство, ја напуштил кариерата како дизајнер на архитектура за да стане лондонски дописник на италијанскиот музички неделник „ЦИАО 2001“, покривајќи ги настаните во англиската поп/рок сцена.
Во раните 1970-ти Гало го запознал Џенезис пред нивната прва турнеја во Италија и станал добар пријател на бендот. Негово дело е книгата за бендот со наслов Џенезис: Еволуција на рок група. Првично објавено во 1978 година, ги прикажува раните денови на бендот - временски период кој дотогаш никогаш не бил опфатен со ниту еден друг биографски извор, вклучувајќи ги и целосните имиња на членовите на бендот. Еден позначаен обожавател на книгата бил Боб Марли, кој бил забележан како ја чита на скалите од неговиот дом во Кингстон. Книгата била препечатена и проширена во 1980 година со новиот наслов Знам што ми се допаѓа. До почетокот на 1990-тите, откако Генезис го достигнал својот врв на популарност, книгата повеќе не била достапна. Бидејќи немало знаци дека некогаш ќе биде препечатена, ревносните фанови на Генезис го препишале текстот на книгата во раните 1990-ти, но кога биле објавени плановите за повторно печатење, датотеките беа отстранети од Интернет. Во септември 2014 година книгата била објавена на iTunes.[1] Гало, исто така, составил неколку книги за основачкиот член на Генезис, Питер Габриел.
Во 1982 година, со неговиот брат Клаудио, тој го формирал Фратели Гало Едитори во Италија, уредувајќи и објавувајќи над 40 музички книги, како и месечното списание.
Гало го режирал и музичкото видео на U2 „Even Better than the Real Thing“ од албумот Achtung Baby.
Гало работел како фоторепортер во Холивуд во последните 35 години како дописник на италијанското неделно списание Тв Сорриси д Канцони. Тој е член на Здружението за странски новинари во Холивуд и како таков е член со право на глас за Златните глобуси.
Гало моментално соработува со италијанските списанија Грација и Оги (списание).
|