Арнела Оџаковиќ

Арнела Оџаковиќ

Арнела Оџаковиќ (родена на 5 септември 1983 година, во Требиње, Босна и Херцеговина, Југославија) е босанска каратистка и спортистка на годината во 2007 година.

Таа завршила на петтото место во женска група за над 60 кг, во кумите на Светското првенство во карате 2006 година.[1] Во мај 2010 година, karaterec.com ја рангирал на број 10 меѓу жени во групата +60кг во кумите од 129 вкупно.[2]

Карате кариерата ја започнала на 8-годишна возраст. Поради Босанската војна, морала да го напушти родниот град и за време на војната да остане во Горажде. Во 1996 година се преселила во Сараево и станала член на Карате клубот Сенсеи под инструкторката Мерита Тириќ-Чампара. Од 2000 година била член на Карате клубот Бушидо во Сараево.

Во текот на дванаесет години од нејзината кариера, таа собрала повеќе од 150 медали на државни и меѓународни натпревари.

висина 1,71 m (5'7") кумите карате категорија +60 кг

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
  • Двократен јуниорски европски шампион (сингл и тим)
  • Златен медал на Медитеранските игри во Шпанија 2005 година
  • Вице европски првак 2007 година (сингл и тим)
  • Вице европски шампион 2008 (сингл), трето место (екипно)
  • Бронзен медал на Медитеранските игри во Италија 2009 година
  • Златен медал на Светските игри во Тајван 2009 година
  1. „2006 WKF world championships“.
  2. „karaterec.com rankings“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]