Аудеркерк кај Амстел


Центарот (темнозелено) и статистичкиот регион (светлозелено) на Аудеркерк кај Амстел и општината Аудер-Амстел.
Улица во Аудеркерк кај Амстел

Аудеркерк кај Амстел или Аудеркерк ан де Амстел (хол. Ouderkerk aan de Amstel) (52°18′N 4°55′E / 52.300° СГШ; 4.917° ИГД / 52.300; 4.917) е гратче во провинцијата Северна Холандија во Холандија. Во голем дел ѝ припаѓа на општината Аудер-Амстел, и се наоѓа 9 км јужно од Амстердам. Мал дел од местото ѝ припаѓа на општината Амстелвен.

Во 2001, Аудеркерк крај Амстел броел 7256 жители. Изградената површина на градот зафаќала 1.5 км2, и во неа имало 3043 домови.[1] Статистичкиот регион „Аудеркерк крај Амстел“, на кој може да припаѓа и периферијата на местото како и околните рурални подрачја брои 7480 жители.[2]

Во градот се наоѓаат гробиштата Бет Хајм, најстарите еврејски гробишта во Холандија[3], каде, меѓу другите се погребани и родителите на филозофот Барух Спиноза.

  1. Статистика Холандија (CBS), Bevolkingskernen in Nederland 2001 Архивирано на 24 јануари 2007 г.. (Статистиките важат за непрекинатиот изграден простор).
  2. Статистика Холандија (CBS), Statline: Kerncijfers wijken en buurten 2003-2005. По податок од 1 јануари, 2005.
  3. L. alvarez Vega, the Beth Haim of Ouderkerk aan de Amstel, 1994