Бак (инструмент)

Бак во Етнолошкиот музеј во Берлин
Конфуцијански обред во Сонгјунгван

Бак (хангул: 박; ханча: 拍) — дрвен ударен инструмент којшто се користи во корејската дворска и обредна музика.[1] Свирачот на бак се нарекува „чипбак“ и има улога на диригент или музички надзорник на свирачката група. Бакот произведува ударен звук којшто означува почеток на музиката.[1]

Изработка

[уреди | уреди извор]

Бакот се изработува од 6 рамни дрвени табли коишто се со големини од околу 34 см х 7 см. Таблите се врзуваат заедно на едниот крај со жица или со врвца за да добие облик на ладало откако ќе се отвори.[2]

Џипбаците го користат бакот за да ја предводат групата на ист начин како што диригентот ја користи палката. Бакот испушта звук со три удари кога музиката започнува и завршува, а исто така и кога се случуваат значителни промени.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „The Beauty of Korea, Pak“ (PDF). Koreana. 12: 82–85. Winter 1998. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22. Посетено на 2020-06-06.
  2. Beck, John H. (2007). Encyclopedia of Percussion (2. изд.). Routledge. стр. 8. ISBN 9780415971232. Посетено на 6 јуни 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]