„Бал-Кан-Кан Bal-Can-Can“ | |
---|---|
ДВД обвивка | |
Режисер | Дарко Митревски |
Продуцент | Алесандро Вердеки Џанлука Курти Карло Дуси |
Сценарист | Дарко Митревски |
Главни улоги | Владо Јовановски Адолфо Марџота Ѕвездана Ангеловска Бранко Ѓуриќ Тони Михајловски Никола Којо Владимир Ендровски Петар Божовиќ Наџи Шабан |
Музика | Кирил Џајковски Дарио Марианели |
Кинематографија | Суки Меденчевиќ |
Монтажа | Џакобе Гамберини |
Премиера | 1 јануари 2005 |
Времетраење | 89 мин |
Земја | Македонија Италија |
Јазик | македонски италијански српски бугарски хрватски босански албански руски црногорски |
Бал-кан-кан — македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.[1][2]
Глумец | Улога |
---|---|
Владо Јовановски | Трендафил Каранфилов |
Адолфо Марџота | Сантино Џеновезе |
Ѕвезда Ангеловска | Ружа Каранфилова |
Бранко Ѓуриќ | Шефкет Рамадани |
Сека Саблиќ | Зумбула |
Тони Михајловски | Џанго |
Миодраг Кривокапиќ | Веселин Кабадајиќ |
Никола Којо | Осман Ризванбеговиќ |
Владимир Ендровски | Стипе Прикачин |
Бранко Огњановски | Серафим Каранфилов |
Катерина Шехтанска | Убава Танцерка |
Васко Тодоров | Витомир |
Наџи Шабан | Карлито |
Љупчо Бубо Каров | Цацко |
Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти." [3]
Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија. [се бара извор]
|publisher=
(help)
|
|