Без крај (филм од 1985)

Без крај (полски: Bez konca) - полски филм од 1985 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјешевич. Главните улоги ги играат: Гразина Саполовска, Марија Пакулнис, Александер Бардини, Јежи Раѕивилович, Артур Барцис, Михал Бајор, Тадеуш Брадецки, Маржена Трибала итн.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 1982 година и обработува две паралелни приказни: Урсула Зиро (ја игра Саполовска) останува вдовица по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг, адвокатот Антек (го игра Раѕивилович). Таа е потресена од загубата на сопругот и се обидува да го заборави преку грижата за својот син, работејќи на преводот на Орвел, посетувајќи сеанси на хипноза, а еднаш води љубов со непознат странец. Меѓутоа, таа никако не може да се ослободи од спомените на Антек и често ѝ се причинува дека тој е присутен. Истовремено, неа ја посетува Јоана (ја игра Пакулнис) чиј сопруг Дарек (го игра Барцис) е затворен поради учество во синдикатотСолидарност“, а негов адвокат бил Антек. Урсула го препорачува стариот адвокат Лабрадор (го игра Бардини), кој прифаќа да го брани Антек. Меѓутоа, Антек е тврдоглав и не прифаќа никаков компромис дури и по цена да биде осуден на затворска казна. Најпосле, Лабрадор успева да го убеди Антек да го запре штрајкот со глад и тој е осуден само на условна казна. При изрекувањето на пресудата, ниту Антек ниту Лабрадор не се радосни, зашто двајцата се чувствуваат како предавници на своите принципи. На крајот од филмот, Урсула не може повеќе да издржи без Антек и извршува самоубиство.[1]