Белојанис Μπελογιάννης | ||
---|---|---|
Држава | Унгарија | |
Површина[1] | ||
• Вкупно | 4,54 км2 (175 ми2) | |
Население (2012)[2] | ||
• Вкупно | 1.100 | |
• Густина | 2,4/км2 (6,3/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 2455 | |
Мреж. место | http://beloiannisz.hu/ |
Белојанис (грчки: Μπελογιάννης) е село во округот Фејер, Унгарија. Било основано од бегалци од Грчката граѓанска војна, меѓу кои Грци и Македонци, и било наречено по Никос Белојанис.
Селото е меѓу најмладите во округот; неговата изградба започнала на 6 мај 1950. Селото било изградено од доброволци; за кратко време биле изградени 418 куќи, училиште, градинка, библиотека, лекарска ординација. На 3 април 1952 селото (претходно нарекувано Görögfalva, "Грчко село") го презело името на Никос Белојанис, комунистички водач и борец на отпорот, кој бил погубен 4 дена претходно во Грција. Селото тогаш имало 1850 жители.
Според пописот од 2001 во селото живееле 1,185 жители, од кои 23.4% биле Грци, 61.4% Унгарци, 0,3% Романци, 14,9% не дале одговор. Според религија: 25.5% биле католици, 14.3% православни, 5.7% калвинисти.
Православна црква била изградена во 1996.