Општина Валмиера Valmieras novads | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Центарот на Валмиера со црквата „Св. Симон“ во позадина | |||
Местоположба на општината во Латвија | |||
Земја | Латвија | ||
Основана | 2021 | ||
Седиште | Валмиера | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 2.948 км2 (1,138 ми2) | ||
Население | |||
• проц. од (2021)[1] | 51.370 | ||
• Седиште | 22.971 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Мреж. место | valmiera.lv |
Валмиера (латвиски: Valmieras novads) — општина во северна Латвија, на околу 180 км западно од главниот град Рига. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е градот Валмиера.
Општината Валмиера зафаќа површина од 2.948 км2.[1] Се наоѓа во северозападниот дел на областа Виѕеме во северна Латвија, на границата со Естонија. Се граничи со општините Валка на исток, Смилтене на југоисток, Цесис на југ и Лимбажи на запад. Исто така се граничи со естонските окрузи of Перну на северозапад, Вилјанди на север и Валга на североисток. Најсеверната точка на Латвија е сместена на границата со Естонија во жупата Ипиќи и е обележана со скулптура.[2]
Највисока точка во општината е Зилајскалнс со надморска висина од 127 м.[3] Старите Латгалци овој рид го сметале за свет, а на него во советско време живеела народната исцелителка Марта Зилајскалнска.[4] Возвишението Сакала се протега од јужна Естонија во северниот дел на општината, и неговата највисока точка во Латвија е ридот Пикас со 107,6 м.н.в.[5]
Поважни реки во општината Валмиера се:
Северниот дел на општината влегува во Биосферниот резерват Северно Виѕеме.
Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Општината Валмиера е образувана со спојување на градот Валмиера со дотогашните општини Беверина, Буртниеки, Коцени, Мазсалаца, Наукшени, Рујиена и Стренчи.[8] Со исклучок на општината Стренчи, овие единици биле составни делови на поранешниот округ Валмиера.
Во 2021 г. општинскиот совет на валмиера имал 19 члена.[9]
Општината се дели на градот Валмиера, 4 паланки и 26 жупи:[8][10]
Валмиера е втора општина по населеност во Латвија, веднаш по Огре.[11] Се проценува дека во 2021 г. во неа живееле 51.370 лица. Ова претставува пад за 24 % од проценетите 67.433 во 2000 г. и пад од 11 % во однос на 57.854 жители на во 2011 г.[1]
Градот Валмиера брои 22.971 жители (2021).[12]
Во 2018 г. градот Валмиера имал БДП по глава на жител од 16.918 евра, на второ место по главниот град Рига.[13] Претставува регионално средиште на производството и образованието.[14][15] Во градот се наоѓа Виѕемската виша школа.
Низ општината оди државниот пат A3 и железничката линија Рига-Лугажи,[3] која ја поврзува Валмиера со Рига на југозапад и Валка на североисток (на естонската граница).
|