Ведат Далокај Vedat Ali Dalokay | |
---|---|
Податотека:Vedat dalokay.jpg | |
Роден(а) | 10 ноември 1927 Елазиг, Турција |
Починал(а) | 21 март 1991 |
Националност | Турчин |
Зданија | џамија Шахџахан |
Ведат Далокај (роден на 10 ноември 1927 - починал на 21 март 1991) бил познат турски архитект и поранешен градоначалник на Анкара.
Далокај е роден во Елазиг, Турција во 1927 година. Тој завршил основно и средно образование во истиот град. По ова заминал за Истанбул, а дипломирал на Техничкиот универзитет во Истанбул во 1949 година. Во 1952 година завршил пост-дипломски студии на Институтот за урбанизам на универзитетот во Париз, Франција.
Тој има добиени неколку награди за своите проекти во Турција. Едно од најпознатите дела на Далокај е џамија Шахџахан која се наоѓа во Исламабад, Пакистан и е една од најголемите во светот[1].
Во времето кога започнал конкурсот за изградба на џамија Коџатапе во Анкара, тој се пријавил на истиот и победил. Но, како резултат на контроверзни критики, неговиот проект бил повлечен.
Ведат Далокај починал во сообраќајна несреќа, заедно со неговата сопруга и неговиот син.
|