Видухова (полски: Widuchowa; германски: Fiddichow, Фидихов) — село во Грифинскиот Округ на Западнопоморското Војводство во северозападна полска, на самата граница со Германија (округот Укермарк). Сместено е во општината Видухова и претставува нејзино седиште.[1] Лежи на 15 км југозападно од Грифино и 35 км јужно од војводското седиште Шчеќин. Во 2008 г. Видухова имало 1.354 жители.[2]
Сè до 1945 г. селото било во Германија. Кога прешло во полска, во прво време го носело неофицијалното име „Видухово“ (Widuchowo)[3][4] На 12 ноември 1946 г. го добило денешното име.[5]
Во селото работел речниот граничен премин Видухова-Гарц за пловен сообраќај преку Одра. Престанал да се користи на 21 декември 2007 г. по сила на Шенгенскиот договор.
- Фридрих Залис (1880 – 1914) — германски историчар
- Густав Клајкамп (1896 – 1952) — германски адмирал
- Ото Граф (1915 – 1997) — германски уметник
53°7′40″N 14°23′20″E / 53.12778° СГШ; 14.38889° ИГД / 53.12778; 14.38889