Вија Милитарис (латински: Via Militaris; во превод: Воен пат) или Вија Дијагоналис (латински: Via Diagonalis; во превод: Дијагонален пат) ― антички римски пат, почнувајќи од Сингидунум (денес српскиот главен град Белград), поминувајќи покрај брегот на Дунав до Виминакиум (близу денешен Костолац), преку Наисус (денешен Ниш), Сердика (денешка Софија), Филипопол (денешен Пловдив), Адријанопол (денешен Одрин во Источна Тракија во Турција) и стигнување до Константинопол (денешен Истанбул). Овој пат бил поврзан со Вија Егнација со други патишта: патот по реката Аксиј (или Вардар), патот од Сердика до Солун по реката Стримон (или Струма) и патот од Филипопол до Филипи.
Изградена е во 1 век од нашата ера. Должината од Сингидунум до Константинопол била 924 километри.[1]
За време на првите европски освојувања на Отоманлиите, патот Орта кол (во превод: Средна рака) го следел текот на Вија Милитарис.[2]
Во мај 2010 година, додека се работело на Паневропскиот коридор X во Србија, добро сочуваните остатоци од патот биле ископани во Димитровград. Патот широк осум метри бил изграден од големи камени блокови и имал две ленти.[3]
Античко име | Местоположба |
---|---|
Сингидунум | Белград, Србија |
Гратијана | Добра, Србија |
Виминакиум | Костолац, Србија |
Наисус | Ниш, Србија |
Ремесијана | Бела Паланка, Србија |
Сердика | Софија, Бугарија |
Филипопол | Пловдив, Бугарија |
Адријанопол | Одрин, Турција |
Аркадиопол | Лилебургаз, Турција |
Византион | Истанбул, Турција |