|
Владимир Степанија (роден на 8 мај 1976 година) е поранешен грузиски кошаркар, кој играл на позицијата центар.
Откако започнал да игра кошарка во родната земја, Степанија потоа играл неколку години во Словенија, најпрво во Слован, а потоа и во Олимпија Љубљана, каде бил партнер под кошевите со уште еден центар, Рашо Нестеровиќ, во својата прва сезона.
Во 1998 година, избран на НБА драфтот од Сиетл Суперсоникс како 27-ми пик во првата рунда, Степанија станал првиот грузиски кошаркар кој заиграл во НБА. За шест сезони поминати во НБА, во кои најчесто бил играч од клупата, тој бил член на Соникс, Њу Џерси Нетс, Мајами Хит и Портланд Трејлблејзерс, со просек од 4,1 бод (вкупно постигнати 1.118 бода) и 4,4 скокови по натпревар, во 270 одиграни натпревари од регуларниот дел од сезоната.
Неговата најдобра сезона била во 2002–2003, со Хит, во која просечно имал 5,6 бода и седум скока по натпревар, борејќи се за позицијата почетен центар на Мајами откако тие претходно го загубиле Алонзо Морнинг до крајот на сезоната, поради болест на бубрегот; Степанија ги постигнал својте највисоки во кариерата 19 бода, на 16 ноември 2001 година, против Шарлот Хорнетс. На 19 ноември 2002, против Милвоки Бакс, тој забележал највисоки во кариерата 15 скокови. И двата најдобри резултати во кариерата ги остварил како играч на Хит.
Во 2004 година, по бавниот почеток со Трејлблејзерс, Степанија се повлекол од играњето професионална кошарка, на возраст од само 28 години.
Степанија бил дел од сениорската репрезентација на Грузија.[1]