Гинопедија (изворно: Gynopedia) ― незаработувачка организација која води вики со отворени ресурси за полова, репродуктивна и женска здравствена заштита низ целиот свет.[1] Мрежната страница била основана од Лани Фрид во 2016 година.[2] Главните теми за кои се збори на страницата се пристап до контрацепција, итна контрацепција, тестирање за полово преносливи болести, лекови, менструални производи, гинеколози, бременост, абортус, советодавни услуги, женски ресурси и ресурси за ЛГБПБ.[3] Од ноември 2017 година, мрежната страница опфаќа скоро 100 градови.[4][5]
Гинопедија е првенствено мрежно место на англиски јазик, но доброволните преведувачи почнале да преведуваат страници на други јазици, како што е францускиот.[6]