„Глув барут“ (српски: Глуви барут) — југословенски филм од 1990 година, во режија на Бахрудин Ченгиќ, а снимен по истоимениот роман на Бранко Ќопиќ. Улогите ги толкуваат: Мустафа Надаревиќ, Бранислав Лечиќ, Мира Фурлан и Боро Стјепановиќ.[1]
Во филмот се прикажуваат настаните во едно српско планинско село во Босна за време на Втората светска војна. Жителите на селото се наоѓаат растргнати меѓу две идеологии, меѓу четниците и партизаните, а главните претставници на тие идеологии се партизанскиот комесар Шпанац и поранешниот кралски офицер Радекиќ. Шпанац е индоктриниран фанатик кој сака да го промени светот без оглед на жртвите, додека Радекиќ е реален познавач на состојбите, човек по потекло од тие краишта кој сака да го заштити народот, дури и по цена на сопствените идеали. Шпанац го гледа Радекиќ како причина за отпорот на селаните кон партизанската идеологија...