Горобинци

Горобинци

Поглед на селото

Горобинци во рамките на Македонија
Горобинци
Местоположба на Горобинци во Македонија
Горобинци на карта

Карта

Координати 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° СГШ; 21.87694° ИГД / 41.87472; 21.87694
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 602 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24008
Надм. вис. 432 м
Горобинци на општинската карта

Атарот на Горобинци во рамките на општината
Горобинци на Ризницата

Горобинци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Некои постари мештани кажуваат дека местото порано се викало Горно Винце. Тогаш во него имало премногу лозја.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Ова е едно од поголемите села во областа Овче Поле, сместено во западниот дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Велес.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 440 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 6 километри.[3]

Горобинци влегува во поголемите и попознати села во Овчеполската Котлина. Сместено е во северозападниот дел на котлината, во тесна долина во насока југозапад-североисток. Околни села се Трстеник и Сопот на северозапад, Кнежје на југозапад и други. Во минатото вода за пиење се добивала од чешми и од бунари.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крс-баир, Качкалица-баир, Аџи-баир, Лука-баир, Орле-баир, Коџа-шмрк, Големи-баир, Дивљак, Лопотеш, Кинечузи, Рук-баир, Перачко, Сулиште-баир, Коџа-ѓубре, Тупанче, Старо Село или Ѓаур-евлери (Каурски Куќи) и Орта-колиба.[2]

Селото има многу збиен тип. Поради положбата во долината има низински тип. Додека било населено од Турци, селото било поделено на бројни маала наречени по турски родови. Денешни маала во селото се Петраличко (по потекло на жителите), Сретсело, Долно и други.[2]

Горобинци се наоѓа десно од автопатот А4, на кој најблизок излез е тој кај селото Преод. Низ него поминува и регионалниот пат Скопје-Свети Николе.

Историја

[уреди | уреди извор]

Горобинци претставува старо село во Овче Поле. Во пишаните извори се споменува во 1704 година, кога во него преноќил Јеротиј Рачанин. Во селото најпрвин биле населени само православни Македонци. На почетокот на XIX век во него се доселиле Турци. Поголем број Турци дошле во 1878 година, кога многумина дошле од Србија и Бугарија. Меѓу доселените имало и Черкези (околу 30 куќи).[2]

Куќите на старите Македонци се наоѓале во месноста Старо Село, кое се наоѓа југозападно од денешното село, кај што се наоѓа јавор и чешма.[2]

Помеѓу народот се говори дека доселувањето на Турците започнало така што Македонците најпрвин најмиле сиромашен Турчин за говедар. Подоцна, тој повикал и други свои сонародници. Со текот на времето и нивното доселување, Македонците започнале да стануваат малцинство.[2]

Во XIX век, Горобинци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Според записите на Јован Цвииќ кон крајот на XIX век, селото имало околу 500 жители Турци и 30-40 Македонци. Поради многубројните Турци, Македонците се иселувале и последните македонски семејства се иселиле во 1903 година. Домаќините на последните 7 македонски куќи биле Иљо, Лазо, Грозде, Темелко, Доне, Мане и Миленко. Првите двајца се преселиле во Кнежје, Доне и Мане отишле во гратчето Свети Николе, додека Миленко го убиле Турците. Во 1912 година, селото било чисто турско.[2]

Црквата на иселените Македонци се наоѓала во денешното Долно Маало, на местото на селанецот Атанас. Месноста Турците ја викале Клисе-баир (Црковно Ритче), но нема остатоци од старини. Црквата била посветена на Свети Спас. Била срушена во текот на XIX век, но Македонците продолжиле да се собираат на местото.[2]

Од постарите македонски родови денес се знаат следниве: Ристеви (2 к.) и Ордеви (1 к.) во соседното село Кнежје; Чекови (1 к.) населени во Ѓуземелци; Јованови (1 к.) населени во Лигунци, Велешко, преселени од Ѓуземелци; Спасеви живеат во Рудник, Велешко, по потекло од Горобинци.[2]

Турското население од селото започнало да се иселувало од селото во периодот 1924-1927 година, кога се отселиле близу 70 куќи. На нивно место дошле Македонци од околината на Крива Паланка и Горна Пчиња. Во 1940 година, селото имало 115 турски и 80 македонски куќи. Иселувањето на Турците продолжило по Втората светска војна, кога во периодот 1954-1958 се иселиле 130 куќи. На нивно место повторно се доселувале Македонци.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Обработливи површини, во далечина селските гробишта

Атарот е голем и зафаќа простор од 21,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.201,8 хектар, на шумите отпаѓаат 468,8 хектари, а на пасиштата 368,1 хектар.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото постои земјоделска задруга.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.274—    
19531.367+7.3%
19611.223−10.5%
19711.101−10.0%
19811.061−3.6%
ГодинаНас.±%
1991944−11.0%
1994890−5.7%
2002820−7.9%
2021602−26.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горобинци имало 440 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото имало 70 Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци и 400 Македонци.[6]

Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.223 жители, од кои 1.148 биле Македонци, 51 Србин и 12 жители Турци, а во 1994 година броело 890 жители, од кои 868 Македонци, а 21 жител Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Горобинци живееле 820 жители, од кои 811 Македонци, 8 Срби и 1 Турчин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 602 жители, од кои 567 Македонци, 1 Албанец, 10 Срби, 1 останат и 23 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 1.274 1.367 1.223 1.101 1.061 944 890 820 602
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Горобинци е чисто православно село, во кое низ вековите живееле и бројни турски родови.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Горобинци, во која покрај селото Горобинци, се наоѓале и селата Ѓуземелци, Крушица, Преод, Сопот и Трстеник. Општината Горобинци постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе влегувале селата Горобинци, Ѓуземелци, Преод, Сопот, Трстеник и Џидимирци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1686 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 605 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 604 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Џамии[2]

Во минатото во селото постоела џамија без минаре во Горно Маало, од која денес не е ништо останато.

Споменици

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави

Секоја година на Први мај се одржуваат традиционалните Првомајски трки и натпревари, кои ги посетуваат гости од целата држава. Од пред неколку години на истиот ден се одржува и Меѓународната велосипедска трка „Делчо Ангелов“.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Горобинци

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Активно работи културно-уметничко друштво, кое пред сè го негува македонскиот фолклор.

Во селото работи фудбалскиот клуб „Стрела“.[19]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Турското население се отселило во два големи брана, првиот помеѓу двете светски војни, околу 70 семејства, а вториот за време на СФРЈ, околу 130 семејства. Тие главно живеат во Измир, или во Дургут во близина на Измир.[2]

По Втората светска војна имало иселување на македонски семејства во Скопје, Ѓуземелци (Анѓелови, 1 к. и Атанасови, 1 к.), како и Малино (Тодорови, 1 к.).[2]

Во поново време, дел од жителите се иселуваат и работат во Италија, Австрија, Швајцарија, Германија, како и мал дел во САД (Њу Џерси).

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 719–722.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 82. Посетено на 29 март 2021.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 215.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 29 март 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 347. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „Биографија Борис Начков“. ЈПВИК. Посетено на 2010-08-09.
  19. „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 29 март 2021.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]