Грамада Грамада | |
---|---|
град | |
Местоположба на Грамада во Бугарија | |
Координати: 43°50′5.25″N 22°39′39.77″E / 43.8347917° СГШ; 22.6610472° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Видин |
Општина | Грамада |
Управа | |
• Градоначалник | Милчо Башев (НА, Волја) |
Површина | |
• Вкупна | 65,807 км2 (25,408 ми2) |
Надм. вис. | 230 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,236 |
• Густина | 19/км2 (49/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3830 |
Повик. бр. | +359 09337 |
Мреж. место | obshtina-gramada.com |
Грамада (бугарски: Грамада) — гратче во северозападна Бугарија, , административен центар на општината Грамада во Видинската Oбласт. Има население од околу 1,236 жители (2022).[1]
Се наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 30 километри од Видин и на 200 километри од Софија. Гратчето е сместено на двата брега на Грамадска Река.
Општина Грамада има површина од 184 км², а сочинета е од следниве населени места:
Општината е сместена во рамнина, а низ неа поминуваат реките Видбол, Корманица, Грамадска и Јасова Бара. Главна дејност е земјоделството, особено пченица, овошје и зеленчук и винарство.
Источно од Грамада се наоѓа Видинскиот трансмитер, моќна станица која емитува средни радиобранови, пуштена во употреба во 1973 година. Нејзините сигнали лесно може да се пренесат низ цела Европа.
Ледникот Грамада на антарктичкиот остров Смит сместен во Јужните шетландски острови е именуван по Грамада.
Страница за општина Грамада (бугарски)