Русија е најглолемата земја на светот која копнено се граничи со 14 меѓународно признаени суверени држави[1] и 2 тесни морски граници со САД и Јапонија. Со неа се граничат и Абхазија и Јужна Осетија, кои се само делумно признаени. Во 2014 г. Русија го припоила Крим, кој дотогаш бил во состав на Украина. Ова е направено по мнозинско изјаснување на населението на претходно спроведен референдум. Сепак, припадноста на овој полуостров кон Русија останува непризнаена од разни земји поради политички причини.
Како прекуконтинентска држава, Русија има граници во Европа и во Азија. Од вкупно 18 граници, 12 се во Европа, а 5 се во Азија, додека пак една е во Беринговиот Проток (помеѓу Северна Америка и Азија).
Државната граница на Русија по руско сметање е долга вкупно 60.932 км, од кои 22.530 км се копнени граници на континентот (7.616 км речни и езерски, 14.509 км сувоземни), а 38.807 км се морски[2][3].
Ова се државните граници на Русија со нејзините соседи, дадени по редослед спроти стрелките на часовникот. Должината е изразена во километри.[2][4][5][6]
↑„Russia“, The World Factbook (англиски), Central Intelligence Agency, 12 октомври 2022, Посетено на 14 октомври 2022
↑ 2,02,12,2„Сопредельные страны“. Росграница. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2016. Посетено на 11 април 2016. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
↑Не вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина. Со него копнената граница (на континентот) изнесува 22.293 км (14.518 км сувоземни, 7141 км речни, 635 км езерски).
↑Вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина (потегот на копнената граница на Перекопскиот и Арбатскиот Провлак сочинува околу 8,5 км, езерската граница (Сиваш) — околу 159,5 км, морската граница во Црното и Азовското Море — околу 567 км. Ако не се смета Крим, копнената граница со Украина би изнесувала 1.925,8 км (од кои 1500,2 км сувоземни, 422,2 км речни, 3,4 км езерски) и 320 км морска граница; вкупно 2.245,8 км.
↑Не сметајќи ги делумно признаените државиАбхазија и Јужна Осетија. Со нив должината на границата со Грузија (во границите на Грузиската ССР) на континентот изнесува 875,5 км (од кои 819,4 км копнена, 55,9 км речна, 0,2 км езерска) и 22,4 км морска; вкупно 897,9 км.
↑Вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина, како и делумно признаените држави Абхазија и Јужна Осетија, чија припадност е оспорена од Грузија. Без нив, континенталните граници на Русија изнесуваат 22.125,3 км (од нив 14509,3 км копнени, 7.141 км речни, 475 км езерски) и 989,9 км морски; вкупно 23.115,2 км.