Гротсланг е легендарно криптозоолошко суштество кое има репутација дека живее во длабока пештера во Рихтерсвелд во Јужна Африка.
Според легендите, Гротсланг е суштество кое е старо колку и светот. Приказните велат дека боговите направиле страшна грешка во создавање на Гротсланг така да му дале огромна сила, итрина и интелект. Увидувајќи ја својата грешка боговите го поделиле Гротсланг на посебни животни и така наводно настанале првите слонови и змии. Но, наводно тогаш еден Гротсланг побегнал. Наводно јаде слонови така што ги мами во својата пештера и ги убива.[1][2]