„Даниел“ (англиски: Daniel) — филм на режисерот Сидни Лумет (Sydney Lumet) од 1983 година, снимен по сценариото на Е. Л. Докторов (E. L. Doctorow). Главните улоги ги играат: Тимоти Хатон (Timothy Huton), Менди Патинкин (Mandy Patinkin) и Линдзи Круз (Lindsay Crouse).[1]
Родителите на Даниел Исаксон биле погубени во 1950-тите, како советски шпиуни. Во текот на 1960-тите, Даниел студира во Њујорк, каде учествува на антивоените демонстрации. Тој настојува да утврди каква била улогата на неговите родители...