Дарко Радуловиќ | |
---|---|
Позиција | Бек (како играч) Тренер |
Висина | 1,92 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Пелистер |
Роден | 19 јули 1980 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Клубови | |
Како играч: | |
2001-2003 | Никол Ферт |
2003 | Поло Трејд |
2004-2005 | Карпош Соколи |
2005 | МЗТ Аеродром |
2006 | Тоа Сум Јас |
2006-2007 | МЗТ Аеродром |
2007-2008 | Фени Индустри |
2008-2009 | МЗТ Аеродром |
2009-2010 | Вардар Осигурување |
2010-2012 | Вардар |
2012 | Фени Индустри |
2012-2013 | Кожув |
2013-2014 | Куманово 2009 |
2014-2015 | Фени Индустри |
2016 | Вардар |
Како тренер: | |
2016–2017 | Вардар (помошник тренер) |
2017-2020 | Вардар |
2020-2021 | МЗТ Аеродром (помошник тренер) |
2021-2022 | МЗТ Аеродром |
2023- | Пелистер |
Репрезентација | |
Инфо од: 23.05.2024. |
Дарко Радуловиќ (роден на 19 јули 1980 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија и тековен тренер. Моментално е тренер на Пелистер.
Дарко Радуловиќ настапувал во дресот на Никол Ферт од 2001 до 2003 година. Со тој клуб го освоил Купот на Македонија 2002, како и Суперкупот на Македонија 2002. Во првата полусезона од сезоната 2003/04, Радуловиќ настапувал во Поло Трејд.[1] Таму играл сè до втората полусезона кога продолжил во Карпош Соколи.[2] Во првата полусезона од сезоната 2005/06 играл за МЗТ Аеродром,[3][4] а сезоната ја завршил во Тоа Сум Јас.[5] Следната сезона играл за МЗТ Аеродром.[6] За сезоната 2007/08, Радуловиќ потпишал за Фени Индустри,[7] при со кој ја освоил двојната круна. За сезоната 2008/09, Дарко ја продолжил соработката со Фени,[8] но се преселил во МЗТ Аеродром.[9] Во сезоната 2009/10, тој потпишал за новолигашот Вардар Осигурување,[10] со кој бил вицепрвак во Лигата. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Радуловиќ станал слободен агент и потпишал за Вардар, настапувајќи во него за време на сезоната 2010/11 и поголемиот дел од сезоната 2011/12.[11] Во февруари 2012 година, Радуловиќ продолжил во Фени,[12] при што бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. За сезоната 2012/13, се преселил во Кожув,[13] со кој бил вицепрвак во домашното Првенство. Следната сезона, Радуловиќ играл во дресот на Куманово 2009, сè до март кога го напуштил клубот.[14] Во август 2014 година, Радуловиќ по трет потпишал за Фени Индустри за сезоната 2014/15.[15] Радуловиќ играл за Вардар во Втората лига, во втората половина од сезоната 2015/16.
Дарко Радуловиќ станал помошник тренер во Вардар за сезоната 2016/17.[16] Во декември 2017 година, поради заминувањето на главниот тренер на Вардар, Радуловиќ застанал на функцијата главен тренер.[17][18] За 2019/20, Радуловиќ останал на тренерската функција во Вардар.[19] На крајот на јуни 2020 година, било обзнаено дека Радуловиќ и Вардар ја прекинале соработката.[20][21] Неколку дена подоцна Дарко станал помошник тренер на МЗТ Аеродром.[22][23] Во средината на март 2021 година, по отказот на главниот тренер Ѓорѓи Кочов, Радуловиќ станал главен тренер.[24][25]
[уреди | уреди извор] |
Признанија[уреди | уреди извор]
|