Според податоци од 2006 година, населението на Чад изнесува околу 10.000.000 луѓе.
(2003)
Населението во 2005 година броело околу 10.146.000 од кои 25.8% живеат во урбаните средини, додека 74.8% живеат во руралните.[1] Населението на државата е младо, каде 47.3% се под 15 години. Наталитетот е со 42.35 раѓања на 1000 луѓе, додека морталитетот е 16.69 и просечниот животек век е 47.2 години. Околу половина од населението живее на југот од земјата и е најнаселен регион во земјата.[2] Урабниот живот може да се пронајде само во главниот град Нџамена, каде населението е преокупирано со трговија. Други градови се Сарх, Мунду, Абече и Доба.
Чад е составена од над 200 етнички групи кои ја создаваат шареноликоста на земјата. Главна етничка група се Сара народот, но живеат и Сахел, Арапи или Тубу.
Службени јазици се арапски јазик и француски јазик, но се зборуваат и над 100 јазици.
Чад е со голема религиозна различност. Според пописот од 1993 година, 54% биле Муслимани, 20% Католици, 14% Протестанти, 10% Анимисти и 3% атеисти. Муслиманите се сконцентрирани во северниот и источниот дел, додека христијаните во јужниот.
![]() |
„Демографија на Чад“ на Ризницата ? |
|