Димитар Андоновски | |
---|---|
Роден(а) | 6 септември 1985 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Жанрови | поп |
Занимања | пејач |
Период на активност | 2003-сега |
Димитар Андоновски (роден на 6 септември 1985, Битола) — македонски пејач.
Димитар живее во Битола и уште од мали нозе влегол во музичките води, пред се како ученик во нижо музичко училиште. Завршил средно музичко училиште (отсек виолина) во Битола и се запишал на музичката академија во Скопје. Првото пејачко искуство, Димитар го имал во 1994 година на Детскиот фестивал „Си-До“, каде ја отпеал, тогаш многу популарната „Кога Ема би знаела“, по што се појавил и во телевизиската серија „Здраво генијалци“ на МТВ, и оттогаш, како што самиот вели, постојано е во музиката.
Димитар бил дел од тимот финалисти на М2 продукција во 2003, а во полуфиналето ја отпеал „Ми требаш како молитва“ на Игор Узунов.[1] Бил еден од придружните вокали на Тијана Дапчевиќ на Евровизија 2014.[2]