Евдокија Ивановна Носал Євдокія Іванівна Носаль | |
---|---|
Photograph of Nosal before the war wearing a bagde awarded for her shooting skills. | |
Роден | 31 март 1918 Бурчак, Михајловски регион, Запорошка област, Украинска Народна Република |
Починал | 23 април 1943 (25 години) Новорусијск, Краснодарски крај, Советски Сојуз |
Држава | ![]() |
Род | ![]() |
Служба | 1941–1943 |
Чин | Помлад поручник |
Единица | 588. Ноќен бомбашки полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Евдокија Ивановна Носал (руски: Евдокия Ивановна Носаль, украински: Євдокія Іванівна Носаль) беше помлад поручник и заменик командант на скадрила во 588. Ноќен бомбашки полк за време на Втората светска војна. Посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 24 мај 1943 година[1], станувајќи првата жена пилот што ја добива оваа титула за време на војната.[2][3]
Носал е родена на 31 март 1918 во украинско семејство во селото Бурчак во Украинската Народна Република, што денес се наоѓа во денешна Украина. Работи како наставничка во Михајлов, пред да дипломира на воздухопловниот клуб во Херсон во 1940. По завршувањето на воздухопловното училиште, работи како инструктор за летање во Николаев сѐ до придружувањето во армијата во 1941 година.[4]
Носал ѝ се придружува на армијата на почетокот на Големата Патриотска војна и е испратена на Јужниот фронт во мај 1942 по завршувањето на обуката на училиштето за воено воздухопловство Енгелс. Доделен ѝ е Орден на Црвената Ѕвезда на 9 септември 1942[5]; по 215 летови на кои испушта 31 276 килограми експлозив над силите на Оската, го добива и Орденот на Црвеното Знаме на 31 декември 1942.[6]
По полетувањето ноќта на 22 април 1943 и бомбардирањето на мета, авионот со кој пилотира Носал е следен од германски Месершмит Бф 110 и е нападнат од тешка противвоздухопловна артилерија. Еден експлозив влегува во кабината на авионот По-2 и шрапнел ја погодува Носал директно во главата. Нејзиниот навигатор Глафира "Ирина" Каширина успева да преземе контрола и безбедно да го слета авионот. Евдокија Носал умира на нејзиниот 354-ти лет, во раните утрински часови на 23 април 1943 на 25-годишна вораст.[7][8]