Евдокија Борисовна Паско Евдокия Борисовна Пасько | |
---|---|
![]() | |
Роден | 30 декември 1919 Жети-Огуски округ, Исиккулска област, Туркестанска АССР (денешен Киргистан) |
Починал | 27 јануари 2017 (97 години) Москва, Русија |
Држава | ![]() |
Род | ![]() |
Служба | 1941–1945 |
Чин | Постар поручник |
Единица | 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Евдокија Борисовна Паско (руски: Евдокия Борисовна Пасько; р. 30 декември 1919 — 27 јануари 2017) беше навигатор во советската женска 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За нејзиниот успех во војната е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.[1]
Паско е родена на 30 декември 1919 во украинско семејство во селото Липенко, Жети-Огуски округ во Исиккулскаta област, што се наоѓа во денешен Киргистан, во тогашната Туркестанска Автономна Советска Социјалистичка Република. Таа е студент на Математичкиот факултет на Московскиот Државен Универзитет кога руските власти објавуваат повик за жени волонтери да се обучуваат за авијатичари, па Евдокија се приклучува кон армијата заедно со неколку од нејзините колешки студенти, вклучувајќи ги Екатерина Рјабова и Евгенија Руднева, кои исто така стануваат херои на Советскиот Сојуз.[2][3]
Паско станува навигатор во 49. Воздухопловен полк, а подоцна им се придружува на женската 46. Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, познат како Ноќни вештерки, каде што служи како навигатор за командантот на ескадрила Марија Смирнова.[3]
За време на војната лета на бомбашки мисии против силите на Оската во Белорусија, Берлин, Крим и Кавказ, Керчкиот Полуостров, Кубан и Полска, често во екстремни временски услови и под силен противвоздухопловен оган. Вкупно, лета на околу 800 мисии. На 26 октомври 1944, Паско е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз заедно со нејзината колешка Смирнова. Воените подвизи на Евдокија се опишани во статија во весникот Правда. Се пензионира од Советската Армија со чин на поручник на крајот на Втората светска војна.[4][5]
По завршувањето на војната, Паско се враќа на нејзините студии и докторира по математика. Се мажи со нејзиниот колега Борис Маљшев. Предава преку четириесет години на Бауманскиот Московски државен технички универзитет.[5]
Евдокија умира на 27 јануари 2017 година во Москва и е закопана на гробиштата Тројекуровскоје.[6]