Електро-Словенија, доо (словенечки: Elektro-Slovenija, d.o.o.; ЕЛЕС/ELES) ― државно претпријатие за пренос на електрична енергија во Словенија. Претпријатието е основано во 1991 година од Владата на Словенија.[1] Тоа е единствениот оператор на електропреносен систем во земјата. ЕЛЕС управува со мрежата од 400 kV, 220 kV и 110 kV далноводи со вкупна должина од 2,587 км. Управен директор на претпријатието е Александар Мервар [sl].
ЕЛЕС е членка на Европската мрежа на преносни систем оператори за електрична енергија (ЕНТСО-Е).[2]