Епитропи

Епитропи (еднина: епитроп) ― членови на црковно-училишните општини.[1]

Обично се наоѓале на чело на општинските црковни или манастирски комисии или настојништва. Во почетокот на основањето на општините, првиот или главниот член на општината, т.е. претседателот, бил именуван како епитроп. Оттаму првите црковни општини биле именувани како црковно-епитропски општини. Епитропите биле личности кои се грижеле околу опслужувањето на секоја црква, манастир или параклис.[1]

  1. 1,0 1,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 177. ISBN 9989-624-46-1.