Дел од серијата посветена на: |
Дијалозите на Платон |
---|
Прва тетралогија |
Втора тетралогија |
Трета тетралогија |
Четврта тетралогија |
Петта тетралогија |
Шеста тетралогија |
Седма тетралогија |
Осма тетралогија |
Деветта тетралогија |
|
Додатоци (Прилози) |
Ериксија (грчки: Ἐρυξίας) ― сократски дијалог кој му се припишува на Платон, но кој е сметан за лажен. Сместен е во Стоата на Зевс Елевтериос и го прикажува Сократ во разговор со Критија, Ериксија и Ерасистрат (внук на Фајакс).[1]
Дијалогот се однесува на темата богатство и доблест. Положбата на Ериксија дека е добро да се биде материјално просперитетен е поразена кога Критија тврди дека имањето пари не е секогаш добра работа. Сократ тогаш покажува дека парите имаат само конвенционална вредност.[2] Во аргументот упатен до Критија, Сократ заклучува дека парите никогаш не можат да бидат сметани за корисни, дури и кога се користат за купување нешто корисно.[2] Конечниот заклучок на делото Ериксија е дека најбогатите се најбедни затоа што имаат толку многу материјални потреби.[3]
|