Ефтим Богоев

Ефтим Богоев
Богоев со МЗТ во 2013 г.
Богоев со МЗТ во 2013 г.
Прекар(и)Тимба
ПозицијаБек
Висина1,85 м
Тежина80 кг
Роден2 ноември 1980(1980-11-02)(44 г.)
СтрумицаСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1997–2017
Клубови
1997-2002Неметали Огражден
2002-2004Поло Трејд
2004-2005КАО Драма
2005-2006Ретимно Кретан
2006-2008Струмица 2005
2008-2009АМАК СП
2009Сутјеска Фоча
2009-2010Фени Индустри
2010Овче Поле
2011-2012Работнички
2012Струмица
2013МЗТ Аеродром
2013-2014Фени Индустри
2014-2015Кожув
2015-2017Струмица
Репрезентација
Инфо од: 9 февруари 2018.

Ефтим Богоев (роден на 2 ноември 1980 во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој играл на позицијата бек и поголемиот дел од својата играчка кариера настапувал во Првата македонска кошаркарска лига.[1] Тој моментално е кошаркарски ментор во Соединетите Држави.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во струмички Неметали Огражден во 1997 година каде играл сè до 2002 година. Потоа се преместил во Поло Трејд кога во сезоната 2002/03 станал вицепрвак со клубот. Својата меѓународна кариера ја започнал во 2004 година во грчка КАО Драма, играјќи една сезона, а сезоната 2005/06 исто така играл во Грција, но во екипата на Ретимно Кретан. Потоа Богоев се вратил во Струмица 2005 каде бил капитен на екипата сезоните 2006/07 и 2007/08. Со Струмица 2005 ја освоил Лигата во 2007, додека во Купот 2007 биле вицепрваци. Со Струмица 2005 го освоил и Суперкупот 2007. Во 2008 година бил вицепрвак во Лигата и Купот. По распаѓањето на Струмица 2005, Ефтим потпишал за охридски АМАК СП,[2] кога со клубот со освоил Купот 2009. За следната сезона потпишал за Сутјеска Фоча од Босна и Херцеговина. Таму останал кратко и веќе во ноември 2009 година, тој потпишал со Фени Индустри,[3] освојувајќи ја двојната круна. Барајќи нов клуб, кога претходно бил слободен агент, во декември 2010 година Богоев потпишал за Овче Поле од Свети Николе.[4] Таму останал месец дена и во јануари 2011 година, Богоев потпишал со Работнички притоа освојувајќи го Купот 2011 и подоцна Суперкупот.[5] За сезоната 2011/12, тој ја продолжил соработката со Работнички.[6] Сезоната 2012/13 ја започнал во новосоздадениот клуб Струмица.[7] Во Струмица играл сè до декември, кога во јануари 2013 година се префрлил во МЗТ Аеродром,[8] и по вторпат ја освоил двојната круна. Во сезоната 2013/14, Богоев повторно играл за Фени Индустри и бил капитен на екипата.[9] Следната сезона настапувал за гевгелиски Кожув.[10][11] За сезоната 2015/16, Богоев го напуштил Кожув и повторно потпишал за Струмица.[12][13] Богоев ја продолжил соработката со Струмица и за следната сезона.[14]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој го освоил 10то место на европската гимназијада во Израел. Ефтим Богоев бил репрезентативец на Македонија во квалификациите за Евробаскетот 2007 и Евробаскетот 2009.

Останата кариера

[уреди | уреди извор]

По пензионирањето од активно играње професионална кошарка, Богоев веднаш се преселил во Атланта, Соединетите Држави во летото 2017 година. Тој таму се вработил во кошаркарската развојна организација „TSF“ (The Skill Factory) по препорака на кошаркарот Џеремаја Босвел кој претходно играл во Македонија.[15]

Македонија Струмица 2005

[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри

[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички

[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром

[уреди | уреди извор]

Признанија

[уреди | уреди извор]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07[16]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2007/08[17]
  • Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2007/08[17]
  • МВП на финалето во Купот на Македонија - издание 2009[18]
  • МВП на финалето во Купот на Македонија - издание 2010[19]

  1. Свесен сум за своите квалитети[мртва врска] http://vecer.mk 20 април 2009
  2. „Богоев и Совковски на списокот на Амак СП“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 30 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 2008-07-01. Посетено на 29 јануари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Eftim Bogoev sighs with KK Feni Industries“. balkanleague.net. 20 ноември 2009. Посетено на 8 септември 2016.
  4. „Богоев до крајот на сезоната во Овче Поле“. vest.mk. 3 декември 2010. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  5. „Богоев потпиша за Работнички, а бара ангажман во Шпанија“. vest.mk. 17 јануари 2011. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  6. „Богоев останува во Работнички“. ekipa.mk. 4 октомври 2011. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  7. „Богоев и Караколев во Струмица“. ekipa.mk. 6 август 2012. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  8. „Богоев го засили МЗТ“. kajgana.com. 18 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-25. Посетено на 8 септември 2016.
  9. „Богоев нов капитен на Фени“. kavadar4e.com. 17 септември 2013. Посетено на 8 септември 2016.
  10. „Ефтим Богоев е нов играч на Кожув“. tip.com.mk. 20 јуни 2014. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  11. „Ефтим Богоев потпиша за Кожув“. ekipa.mk. 21 јуни 2014. Посетено на 8 септември 2016.[мртва врска]
  12. „Богоев и Голубовиќ во Струмица, се тестират и двајца Срби“. ekipa.mk. 21 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 24 септември 2015.
  13. „Богоев се врати во редовите на Струмица!“. sport365.mk. 22 септември 2015. Посетено на 24 септември 2015.[мртва врска]
  14. „Струмица се засили со тројца странци, цел е опстанок во Првата лига“. gol.mk. 16 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  15. „Ефтим Богоев го живее американскиот сон: Во животот никогаш не знаете кој може да ви биде потребен, или да ви се најде при рака!“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 13 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 13 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  17. 17,0 17,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  18. МВП на турнирот Ефтим Богоев ohridnews.com 15 март 2009
  19. МВП за инает на противничките тренери Архивирано на 31 март 2010 г. novamakedonija.com.mk 29 март 2010

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]