Жак Лекок | |
---|---|
Роден(а) | 15 декември 1921 Париз, Франција |
Починал(а) | 19 јануари 1999 Париз, Франција |
Националност | Француз |
Занимање | глумец, режисер, кореограф и педагог |
Жак Лекок (француски: Jacques Lecoq) (Париз, 15 декември 1921 - Париз, 19 јануари 1999) – француски глумец, режисер, кореограф и педагог.
Жак Лекок почнал да учи театар и пантомима преку интересот за спортот. Тој почнал да вежба гимнастика на седумнаесет години и вежбајќи на разбој и вратило, почнал да ја согледува и разбира геометријата на движењата. Лекок движењето на телото во просторот, според барањата на гимнастиката, е чисто апстрактно. Ритамот на спортистите го сфатил како физичка поезија што силно влијаело на него.
Почнува како професор за физичко воспитување и спорт, потоа станува артист во групата на Жан Дасте. Во 1948 година заминува за Падова (во универзитетскиот театар) во „напад“ на commedia dell'arte и ги создава своите први пантомими. Во овој контекст има можност да ги спои предавањето и создавањето. Тој презема истражувања за маските со италијанскиот вајар Амлето Сартори, од што, меѓу другото се раѓа „неутралната маска“. Го сретнува Дарио Фо. Во Сиракуза ги режира хоровите од грчката трагедија. Во 1956 година се враќа во Париз за да ја основа Меѓународната школа за театар и пантомима каде тој ѝ се посветува на педагогијата. Во 1977 година ја создава Лабораторија за студија на движењето посветена на динамичкото истражување во просторот и на ритамот во служба на сценографијата.
„Педагогијата главно почива на динамиката на движењето; таа го ангажира телото, првиот елемент на признавање на живото, со отфрлање на сè што мрда, на животот во театарот.“[1]
Меѓу неговите ученици се: Муменшанц, Аријан Мнушкин, Филип Голје, Лик Бонди, Филип Аврон, Кристоф Марталер, Јасмина Реза, Јоланда Моро, Ален Готре, Ален Моло, Вилијам Кентриџ, Гофри Раш, Сајмон МкБарни, Стивен Беркоф.
„Во чинот треба да се биде така како што е телото во светот“. Жак Лекок
|