Заменетите глави - индиска легенда (германски: Die vertauschten Köpfe – Eine indische Legende) - новела на германскиот писател Томас Ман, напишана во 1941, а објавена во 1942 година.
Шридаман, мажот на Сита, е пеметен и продуховен, но сепак, таа копнее по неговиот пријател Нанд кој е надарен со убаво и силно тело. За време на една верска екстаза, двајцата пријатели си ги пресекуваат главите еден на друг, а Сита, на која божицата ѝ дала моќ „сè да поправа“, го заменува главите, со цел нејзиниот маж да има убаво тело. Но, главата и остатокот од телото влијаат меѓу себе, така што работите се враќаат по старо. Поради тоа, положбата на Сита станува неподнослива и сите тројца доброволно одат во смрт. Сепак, синот на Сита ги поседува особините по кои таа копнее: сила, убавина и душевна моќ.[1]
Ман ја напишал новелата „Земенетите глави“ за време на неговиот престој во САД, каде предавал германска книжевност на Универзитетот Принстон. Авторот на опишал новелата како „метафизичка шега“, а нејзиното подлабоко значење се состои во учењето дека човечката целина е неделива, т.е. дека главите не може да се заменуваат.[2]
|