Зелените несулфурни бактерии (Chloroflexia) се една од шестте класи на бактерии во коленотоChloroflexi, кои се исто така познати како филаментозни аноксигени фототрофи. Тие произведуваат енергија од светлината и се именувани според зелениот пигмент бактериохлорофил с кој се наоѓа во посебни фотосинтетски тела наречени хлорозоми.
Класата Chloroflexia е група на длабоко разгранувачки фототрофни бактерии (со исклучок на видовите на Herpetosiphon и Kallotenue), која опфаќа три реда: Chloroflexales, Herpetosiphonales, и Kallotenuales.[4][5][6][7][8] Редовите Herpetosiphonales и Kallotenuales содржат по една фамилија и по еден род: Herpetosiphonaceae (Herpetosiphon) и Kallotenuaceae (Kallotenue), соодветно; додека Chloroflexales се филогенетски поразнообразни.
Компаративните геномски анализи неодамна ја имаат ажурирано таксономијата на класата Chloroflexia, делејќи го редот Chloroflexalesво подредот Chloroflexineaeкој ги содржи фамилиитеOscillachloridaceaeи Chloroflexaceae, и подредотRoseiflexineaeкој ја содржи фамилијатаRoseiflexaceae. Ревидираната таксономија беше заснована на идентификација на бројни CSIs (анг. соnserved signature inserts and deletions) кои претставуваат ефикасни молекуларни маркери за одредување на заедничко потекло.[9][10][11][12] Дополнителна поддршка за поделбата на Chloroflexales во двата подреда се разликите во физиолошките одлики, каде што секој подред има различен профил на каротиноиден, хинонски, и масно киселиниски состав.[13][14] Во прилог на демаркирање на таксономската припадност, CSIs може да играат улога во специфичните одлики на членовите во рамките на одреден таксон. На пример, сегмент од четири аминокиселини во ензимотпируват флаводоксин/фередоксин оксидоредуктаза, белковина која игра важна улога во фотосинтетските организми, најдена е исклучиво кај членовите на родот Chloroflexus, и се смета дека игра значајна функционална улога.[15][16] Со користењето на CSIs дополнителна истрага е направена за демаркација на филогенетската позиција на Chloroflexia во однос на соседните фотосинтетски групи како што е Cyanobacteria.[17] Најдено е дека Chloroflexia и Chlorobi споделуваат CSI, а се толкува дека настанал како резултат на хоризонтален трансфер на гени.[18]
Името "Chloroflexi" е неолатински множина од "Chloroflexus", што е името на првиот опишан род. Именката е комбинација од грчкиот збор chloros (χλωρός)[20] што значи "зеленикаво-жолт" и латинскиот flexus (од flecto)[21] што значи "виткање", со значење "зелено свиткување".[22] Името нема врска со хемискиот елемент хлор.
↑Sutcliffe, I. C. (2010). „A phylum level perspective on bacterial cell envelope architecture“. Trends in Microbiology. 18 (10): 464–470. doi:10.1016/j.tim.2010.06.005. PMID20637628.
↑Rokas, A.; Holland, P. W. (2000). „Rare genomic changes as a tool for phylogenetics“. Trends in Ecology & Evolution. 15 (11): 454–459. doi:10.1016/S0169-5347(00)01967-4. PMID11050348.
↑Gupta, R. S.; Griffiths, E. (2002). „Critical issues in bacterial phylogeny“. Theoretical population biology. 61 (4): 423–434. doi:10.1006/tpbi.2002.1589. PMID12167362.
↑Hanada S, Pierson BK (2006) The Family Chloroflexaceae. In: The prokaryotes: a handbook on the biology of bacteria, pp. 815-842. Eds Dworkin M, Falkow S, Rosenberg E, Schleifer KH, Stackebrandt E Springer-: New York.
↑Pierson BK, Castenholz RW (1992) The Family Chloroflexaceae. In: The prokaryotes, pp. 3754-3775. Eds Balows A, Truper HG, Dworkin M, Harder W, Schleifer KH Springer-: New York.
↑χλωρός. Henry George Liddell, Robert Scott. A Greek-English Lexicon - Perseus Project
↑Lewis, Charlton T. and Charles Short, A Latin Dictionary. Oxford: Clarendon Press, 1879. Online version at Perseus
↑Don J. Brenner; Noel R. Krieg; James T. Staley (July 26, 2005) [1984(Williams & Wilkins)]. George M. Garrity (уред.). Introductory Essays. Bergey's Manual of Systematic Bacteriology. 2A (2. изд.). New York: Springer. стр. 304. ISBN978-0-387-24143-2. British Library no. GBA561951.
Garrity GM, Holt JG (2001). „Phylum BVI. Chloroflexi phy. nov“. Во D.R. Boone and R.W. Castenholz, eds. (уред.). Bergey's Manual of Systematic Bacteriology Volume 1: The Archaea and the deeply branching and phototrophic Bacteria (2. изд.). New York: Springer Verlag. стр. 169. ISBN978-0-387-98771-2.CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)