Иван Ѓуриќ (1947-1997) — југословенски и српски византолог[1], политичар и еден од кандидатите за претседател на Србија во првите повеќепартиски избори 1990 година. Дипломирал на Катедрата за Историја на филозофијата, на Универзитетот во Белград во јануари 1971 година со тема под наслов „Византиски чинови во средновековна Србија“. Во јуни истата година станал асистент катедрата за историја на Византија, а во 1974 година тој станал соработник на Институтот за Византолошки студии при САНУ. Магистрирал во мај 1974 година со темата под наслов „Семејството Фока“. Во март 1982 година докторирал со дисертација под наслов „Времето на Јован VIII Палеолог“. Учествувал во 1980 година во подготовка Oxford Dictionary of Byzantium. Исто така, бил визитинг професор на неколку универзитети во Франција.
Починал во Парзи на 23.11.1997.