Икирјоо

Икирјоо (生霊) од Газу Хјакки Јагјоо,
книга на Секиен Торијама.

Икирјоо, или шоорјоо, сеиреи, икисудама (生霊, бук. „жив дух“, „еидолон“), во јапонските фолклорни верувања и приказни, се отценпените души кои ги напуштаат телата на живите луѓе, за потоа да опседнуваат други луѓе или места, понекогаш и на огромна далечина.[1][2][3] Терминот/ите посебно се користат во контраст на ширјоо, што значат духови или души на оние кои што веќе починале.

Народното верување дека човечкиот дух (или душа) може да излезе од телото постои уште од раните времиња, со извештаи од искуства на очевидци (прогонувања, опседнувања, вонтелесни искуства) пронајдени во анегдотски и измислени записи. Одмаздољубивите духови (怨霊, онрјоо) на живите луѓе се вели дека им нанесуваат клетви (祟り, татари) на целта или целите на нивната одмазда со трансформација во нивната икирјоо форма. Се верува дека ако некој е доволно огорчен, целата или дел од душата на огорчениот го напушта телото и се појавува пред жртвата за да ги повреди или проколне, што не е толку различно од концептот „Зло око“. Терминот за икирјоо се наоѓа и во будистичките списи, каде што е опишан како „жив дух“ кој, ако се налути, може да фрли клетва, дури и непосредно пред неговата смрт. Опседнувањето е друго средство со кое најчесто се верува дека икирјоо е во состојба да нанесе штета, а за опседната личност се смета дека не е свесна за нивното делување.[5] Сепак, според митологијата, икирјоо не мораат да дејствуват од инает или одмазда, и постојат приказни за икирјоо кои немаат никаква горчина или не претставуваат вистинска закана. Во запишаните примери, духот понекогаш опседнува тело на друга личност од други мотиви, освен одмазда, како што се љубовта и заљубеноста (на пример, духот на Мацутооја). Икирјоо на една личност исто така може да го напушти телото (обично многу кратко пред смртта) за да го манифестира своето присуство околу најблиските, пријателите и/или познаниците.[2]

Класична книжевност

[уреди | уреди извор]

Во класичната книжевност, Приказната за Генџи (околу 1000 г.) ја опишува „добро познатата“ епизода за „икисудама“ (архаичниот термин за икирјоо) што се манифестирал од љубовицата на Генџи, Г-ѓа Рокујо, и ја измачувал бремената сопруга на Генџи, Аои но Уе, што резултирало со нејзината смрт по породувањето.[6] Овој дух е прикажан и во Но претставата Аои но Уе, адаптација на истата приказна. По нејзината смрт, Г-ѓа Рокујо се претворила во онрјоо и продолжила да ги измачува оние кои подоцна ќе станат конкубини на Генџи, Мурасаки и Онна-санномија (јап. 女三宮).[6]

Во Хеианскиот период, терминот кога човечката душа го науштала телото и талкала е опишана со стариот глагол „акугару“ што значи „заминување“. Во „Приказната за Генџи“, ментално вознемирениот Кашиуаги стравува дека неговата душа може да залута (акугару) и бара на неговото тело да се извршат последни обреди за да ја запрат неговата душа во случај да сака да избега,[7][8][9][10][11][12] а слични стравови има и Мураками.[11][lower-alpha 1]

Конџаку Моногатаришуу ја содржи приказната за „Како икирјоо духот од Оми провинцијата дојде и уби еден човек од главниот град“. Во приказната, еден обичен човек наидува на благородна жена и ја води во куќата на некој Постар асистент Министер за јавни работи (民部大夫, Минбу-но-тајуу) во главниот град. Водичот не знаел дека тој всушност го водел икирјоо духот на сопругата која нејзиниот сопруг ја запоставил. По пристигнувањето до куќата, дамата исчезнува, иако портите остануваат затворени. Внатре во куќата се слуша врева и плач. Следното утро, водичот дознава дека домаќинот на куќата се пожалил дека го почувствувал присуството на икирјоо духот на неговата поранешна сопруга, со што му предизвикала болест, кратко по што починал. Водичот подоцна ја побарал куќата на дамата во Ооми провинцијата. Таму една жена разговара со него преку ролетни, признавајќи ги неговите услуги, и опсипувајќи го со подароци од свила.[13][14][15]

Приказната „Онна но Моонен Мајоиаруку Кото“
(女の妄念迷ひ歩く事),
од колекцијата „Сорори Моногатари“
(曾呂利物語).[16]

Икирјоо можат и да ја опседнат нивната цел, која не им е ниту соперник, ниту душман. „Мацутооја јууреи“,[lower-alpha 2] е приказна која е наводно заснована врз настани што се случиле за време на 14 или 15 Кјоохоо период (1729–30 г.), за трговец од Кјото по име Мацутооја Токубеи (松任屋徳兵衛) кој имал син тинејџер по име Мацуносуке, кој бил опседнат од духовите на две жени кои го сакале и кои ја мачеле совеста на момчето. Повремено, тој можел да левитира, водејќи разговор како да се присутни девојчињата пред неговите очи, а зборовите на икирјоо духовите биле изговорени низ усните на момчето. Конечно, семејството побарало помош од реномиран свештеник по име Зоокај.[lower-alpha 3] Свештеникот успешно го ослободил момчето и ја излечил неговата состојба, но гласините веќе се прошириле во врска со инцидентот.[17][18]

Колекцијата на хорор приказни (каидан) „Сорори Моногатари“ (曾呂利物語, објавена во третата Канбун ера, или 1663 г.) ја вклучува приказната за жена чија икирјоо форма била нејзината отсечена глава.[lower-alpha 4] Една ноќ, еден човек кој патувал кон Кјото пристигнал на местото наречено Сауаја во Кита-но-Шоо, Ечизен провинцијата (денес градот Фукуи), каде погрешно помислил дека видел кокошка како одлетува од темето на некоја блиска камена кула, и слетувајќи на патот. Замислената кокошка всушност е (или се претворила во) игрива исечена глава од жена. Кога ликот на главата ќе му се насмее, тој ја напаѓа со меч и ја брка до еден дом во главниот град на провинцијата. Во куќата, домаќинката се буди од кошмар во кој ја бркал човек кој мавтал со меч. Лутачката глава била, според насловот, моонен () на жената т.е., нејзините своеволни мисли и опсесии. Жената подоцна станала будистичката калуѓерка за да се покае за своите гревови.[1][16][19][lower-alpha 5]

Народни легенди

[уреди | уреди извор]

Регионални приказни за духовите на луѓето што се близу до смртта

[уреди | уреди извор]

Забележувања на икирјоо кои им припаѓаат на оние чија смрт е непосредна, се забележани од цела Јапонија. Приказните изобилуваат со духови кои се материјализираат (или на друг начин го манифестираат своето присуство) на некој драг за нив,[20] како што е потесното семејство. Примателот на посетата доживува метафизичко претскажување за смртта на оваа личност, пред да пристигне каква било вест за смртта на починатиот.

Многу од локалните термини за икирјоо духови биле собрани од Кунио Јанагита и неговата фолклорна школа.[lower-alpha 6]

Во традицијата на областа Нишицугару, Аомори префектура, душите на лицето/ата на работ на смртта се нарекуваат амабито и се верува дека заминуваат од телото и шетаат наоколу, понекогаш правејќи звуци како оној на лизгачка врата што се отвора.[20][21]

Според Јанагита, тоби-дамаши (飛びだまし) е еквивалентен израз од Сенбоку округот, од регионот Акита. Јанагита го дефинира ова како можноста на одредени лица да патуваат низ светот во нивната икирјоо форма. Се претпоставува дека таквите лица доброволно ја контролираат оваа способност, за разлика од оние кои се само привремено способни да влезат во таква состојба бидејќи им претстои нивната смрт.[20]

Во округот Казуно во префектурата Акита, душата што ги посетува познаниците се нарекува „омокаге“ (面影 [オモカゲ], присетување или бдеачка сенка) и добива форма на жив човек, т.е. има нозе и испушта звуци со необичен звук, за разлика од стереотипниот јапонски дух што нема нозе или стапала.[22][23]

Јанагита во Тооно моногатари шууи запишал дека во регионот Тооно, Иуате префектурата, „мислите на мртвите или живите кои се манифестираат во движечки облик и се појавуваат пред човечките очи како привид, во овој регион се нарекуваат омаку“. Пример за тоа е убавата девојка на возраст од 16 или 17 години, критично болна од случај на „ладна штета“ (傷寒, шоокан), тифусна треска или слична болест. Таа била видена како талка околу градилиштето на проектот за обнова на храмот Цуџибучи, Иуатe (土淵村) неколку денови пред нејзината смрт.[22][24][25][lower-alpha 7][26]

Во Кашима округот, Ишикауа на полуостровот Ното, фолклорист го забележал верувањето во шининбоо (死人坊) духовите, за кои се смета дека се појавуваат 2 до 3 дена пред ничијата смрт, видени како минуваат при посетите на данна-дера (семејни храмови, исто така наречени бодаиџи). Се верува дека храмот е последното почивалиште на душата, каде што починатите наоѓаат место помеѓу нивните предци.[23][27][28]

Душевни пламни

[уреди | уреди извор]

Постојат случаи кога лутачки икирјоо се појавуваат како лебдечки „душевни пламни“, познати во Јапонија како хитодама или хидама.[lower-alpha 8] Сепак, „душевен пламен“ од личност која е близу до смртта не се смета за невообичаеност, со традиционалното сфаќање меѓу Јапонците дека душата бега од телото во краток период (неколку дена) или пред или по смртта.[29] Затоа, душевните пламни пред смртта не треба да се третираат како случаи на икирјоо во дела со тематика за духови, туку како феноменот хитодама.[30][lower-alpha 9]

Еден случај на хитодама сметан за „погоден за дискусија“ во рамките на темата за икирјоо од еден фолклорист, тесно потсетува на гореспоменатите приказна за главата на жената во „Сорори Моногатари“, имено, дека човекот кој бил сведок на појавата на душата ја бркал безмилосно, сè додека не ја открил сопственичката на неа, која тврдела дека го видела целото искуство додека сонувала. Еден човек работел во градската канцеларија во Тооно, Иуате, и една вечер, тој пријавил дека видел хидама како излегува од шталата и влегува низ влезот на неговата куќа каде што „летала наоколу“. Тој тврдел дека ја бркал со метла и ја заробил под мијалникот. После некое време, тој бил повикан да го види својот болен чичко на работ на смртта, и притоа се присетил да ја ослободи огнената топка под мијалникот. Наскоро дознал дека неговиот вујко само што умрел, но повторно оживеал, на крајот обвинувајќи го внукот дека го бркал со метла и го фатил.[31] Слично на тоа, фолклорните архиви на Умедои, Мие префектурата (денес дел од Инабе) раскажуваат приказна за група мажи кои, доцна во ноќта, забележале и бркале огнена топка во магацин за саке, будејќи една слугинка што спиела внатре. Слугинката подоцна се исповедала дека ја „бркале многу луѓе и избегала“ засолнувајќи се во магацинот.[1]

Икирјоо како болест

[уреди | уреди извор]

За време на Едо периодот, постоело верувањето дека постои состојба наречена „риконбјоо“ (離魂病), при што душата не само што се одделувала од телото, туку ја добивала формата и изгледот на болниот. Состојбата била исто така позната како „каге но јамаи“ (影の病, „болест на сенката“), исто така позната и како „каге-но-уазураи“ (カゲノワズライ).[32][33]

Риконбјоо (離魂病) од сликовницата Кјоока Хјаку Моногатари, илустрирана од Масасуми Рјуукансаиџин.
Жената од левата страна е болна од „разделување на душата“,
а покрај неа се појавува нејзиниот икирјоо.

Фолклористот Енсуке Коно во своето поглавје за оваа тема ја третира оваа состојба како икирјоо.[32] Студијата за случајот е за оној на Јууџи Кита, опседнат од каге но јамаи за дури три генерации едноподруго, запишани во „Оошу банаши“ (奥州波奈志, „Приказни од далечниот север“) од Тадано Макузу (поч. 1825 г.).

Идентичниот двојник може да биде виден од страдалникот или да биде посведочен од другите, и може да се класифицира како „двојник“ (Doppelgänger) феномен.[34] Други, пак, пријавиле некакво вонтелесно искуство, при што нивната свест манифестирана како икирјоо го гледала сопственото безживотно тело.[35]

Слични случаи или појави

[уреди | уреди извор]

Уши но коку маири (丑の刻参り) е термин кога некој, во „часот на волот“ (1 часот до 3 часот по полноќ), ќе удри клинец во свето дрво, со тоа станувајќи они додека е жив, и користејќи ги новите они моќи, ќе фрли клетви и несреќи врз душманите. Иако многу икирјоо генерално се духови на луѓе кои го оставаат телото без свест и се движат, делата како извршување на магиски ритуали и намерно измачување на некоја цел, исто така можат да се толкуваат како икирјоо.[35] На ист начин, во Окинауа, извршувањето на магичен ритуал со намера маѓесникот да се претвори во икирјоо се нарекува „ичиџама“ (いちじゃま).[36][37]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Друг пример за овој термин се појавува во стихот на поетот Изуми Шикибу кој ја опишува душата на авторот како светулка луталка:
    „Додека сум занесен во мислите,
    светулките во мочуриштето изгледаат,
    како мојата душа, изгубена и скитница,
    отцепена надвор од мене“.
    (Гошууи Уакашуу, Приказна 20).
  2. Приказната е запишана во збирката есеи, Окинагуса (翁草)
  3. Зоокај Етан (象海慧湛, 1682-1733 г.)
  4. пр. јоокаи чудовиштето познато и како нукекуби.
  5. Оригиналниот наслов на приказната за изворот е „Онна но маунен мајохи арику кото“ (女のまうねんまよひありく事)
  6. Иако термините како што се „тоби-дамаши“ или „омокаге“, „Акита“, или „шининбoo“ се користат во префектурата Ишикауа во некои случаи, овие термини не се користат често на други места.
  7. Терминот „омаку“ бил непознат за Кизен Сасаки, локалниот експерт и главен извор на Тооно моногатари на Јанагита. Сасаки не дал исказ за неговото сведоштво за икирjoo духот на девојчето кој се појавил во храмот Кооганџи, бидејќи тој во тоа време бил само мало момче. Подоцна, Сасаки изјавил дека не го знае терминот „омаку“, иако бил запознаен со сличен термин „омои омаку“, како одговор на истрагата на Сузуки (Тоозоо Сузуки [ja]).
  8. Хидама, се јапонскиот еквивалент на привидните светла (или „атмосферски духовни светла“)
  9. Конно & 1969 г. ги опишува случаите на лебдечки облици што личат на жолти балони (иридесцентни, т.е., со преливачки бои, според Кон) како знаци за смрт. Месното население Шимокита област, Аомори го нарукувале обликот Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value), и истиот термин најчесто го користело месното население во селото Комена, во градот Оохата. На 2 април 1963 година, момче починало во болницата од повредите здобиени од пад од мост додека возело двоен велосипед, еден ден откако видело еден ваков облик како се кревал над планината (Осоре).
  1. 1,0 1,1 1,2 Ikeda 1959, стр. 186–190 (јапонски)
  2. 2,0 2,1 Konno 1969, Chapter 3 (Ikiryō no yūri), pp. 63–98 (јапонски)
  3. Clarke, Peter Bernard (2000), Japanese new religions: in global perspective, Volume 1999 (annotated. изд.), Routledge, стр. 247, ISBN 978-0-7007-1185-7
  4. 4,0 4,1 Shinmura, Izuru (新村出), уред. (1991). Kojien [Kojien] (4. изд.). Iwanami. стр. 122. ISBN 978-4-00-080101-0.CS1-одржување: ref=harv (link)
  5. Kojien dictionary[4] (јапонски)
  6. 6,0 6,1 Konno 1969, стр. 69
  7. Bargen, Doris G. (1997). A Woman's Weapon: Spirit Possession in The Tale of Genji. University of Hawaii Press. стр. 166. ISBN 978-0824818586.
  8. Kojien dictionary,[4] akugaru, sense 2.
  9. Miyamori, Asatarō (ed. tr.) (1956). Masterpieces of Japanese Poetry: Ancient and Modern. 1. Taiseido Shobo Company.
  10. Konno 1969, стр. 66–67
  11. 11,0 11,1 Murakami, Kenji (村上健司) (2005), Nihon yōkai daijiten 日本妖怪大事典 [The Great Yokai Encyclopedia of Japan], Kwai books (јапонски), Kadokawa, стр. 24–25, ISBN 978-4-04-883926-6
  12. Konno 1969, стр. 66–67
  13. Dykstra, Yoshiko Kurata (tr.), уред. (2003). „Book 27, Chapter 20: How the Ikiryo Spirit of Omi Province Came and Killed a Man of the Capital“. The Konjaku Tales: From a Medieval Japanese Collection. Japanese section. 3. Intercultural Research Institute, Kansai Gaidai University Publication. стр. 95–. ISBN 978-4873350264.CS1-одржување: ref=harv (link)
  14. Haga, Yaichi (芳賀矢一), уред. (1921). „Book 27, chapter 20, Ōmi-no-kuni no ikiryō Kyō ni kitarite hito wo korosu, no katari 近江國生靈來京煞人語“. Kōshō konjaku monogatari shū (јапонски). 3 (下). стр. 367–.CS1-одржување: ref=harv (link)
  15. Konno 1969, стр. 93–96: subchapter Otto wo torikoroshita aoginu no onna (夫を取り殺した青衣の女) "A woman in blue garment who possessed and killed her husband" (јапонски)
  16. 16,0 16,1 Takada 1989, стр. 13–15 (јапонски)
  17. Kanzawa, Teikan/Tokō (神沢貞幹/神沢杜口 1710-1795), уред. (1906). „Book 56 Matsutōya yūrei“. Okina gusa 翁草. 6. 池辺義象 (revised). Gosharō shoten. стр. 66–7.
  18. Iwaya, Sazanami (1935), „悪霊 (evil spirits)“, Dai goen 大語園 (јапонски), 8, стр. 90
  19. Yuasa, Yoshiko (湯浅佳子) (2009). 『曾呂里物語』の類話 [A Study of a similar story of "SORORI-MONOGATARI"]. Bulletin of Tokyo Gakugei University, Humanities and Social SciencesI (јапонски). 60: 307–309. hdl:2309/96207. ISSN 1880-4314.CS1-одржување: ref=harv (link)
  20. 20,0 20,1 20,2 Yanagita, Kunio (1970), „Chapter 77“, About Our Ancestors: The Japanese Family System, Fanny Hagin Mayer (tr.), Greenwood Press, стр. 171, ISBN 9780313265525, There are also many instances reported, especially when facing death, of men materialising in front of a chosen loved one or associate. In Senhoku-gun such people are called amabitoand individuals who can 'fly anywhere in their dreams' are called tobi-damashi [flying soul], the same term used in Tsugaru,..
  21. Konno 1969, pp. 67, 68
  22. 22,0 22,1 Ōtō 1955, стр. 46–293
  23. 23,0 23,1 Konno 1969, Chapter 4, pp.100–105
  24. Yanagita, Kunio (2004) [1948]. „Tōno monogatari supplements 遠野物語拾遺, Tale 160“. Tōno monogatari (јапонски). Kadokawa. стр. 146–151. ISBN 978-4-04-308320-6.
  25. Konno 1969, стр. 81, 82, citing Yanagita, Tōno Monogatari
  26. Suzuki, Tōzō (鈴木棠三) (1959). „Kaii wo tazunete 怪異を訪ねて“. Daihōrin. 26 (6)., cited by Konno 1969, стр. 101–102
  27. Nakamura, Hiroshi (中村浩) (1929). „Noto tō saihōroku 能登島採訪録“. Minzokugaku. 1 (2): 42–44.CS1-одржување: ref=harv (link), cited by Konno 1969, Chapter 4, pp. 103–104
  28. International Research Center for Japanese Studies (2002). „Shininbō シニンボウ“. Kaii & yōkai denshō database (јапонски).
  29. Konno 1969, Chapter 2 Hitodama kō, p.38
  30. Konno 1969, Chapter 2 Hitodama kō, pp.37–62)
  31. Konno 1969, стр. 75), citing Tōno monogatari
  32. 32,0 32,1 Konno 1969, стр. 12, 64–66)
  33. Hearn, Lafcadio (1905), The Romance of the Milky Way: And Other Studies & Stories, Houghton, Mifflin, стр. 60–64
  34. Hearn 1905, стр. 61
  35. 35,0 35,1 Tada 2008, стр. 283 (јапонски)
  36. Uezu, Hitoshi (上江洲均) (1994) [1972]. Ōtsuka minzoku gakkai (уред.). Nihon minzoku jiten 日本民俗事典 [Japanese folk encyclopedia] (Pocket. изд.). Kōbundō (ja). стр. 41. ISBN 978-4-335-57050-6.
  37. Shimabukuro, Genshichi (島袋源七) (1974) [1929]. „Sangen no dozoku 山原の土俗“. Во Ikeda Yasusaburō (ja); и др. (уред.). Nihon minzokushi taikei. 1. Kadokawa. стр. 373. ISBN 978-4-04-530301-2.

Користена литература

[уреди | уреди извор]