Италијански фолклор

Во Италија постојат многу легенди и народни приказни. Со текот на времето повеќето народи на овие простори оставале траги во народното творештво. Некои приказни потекнуваат и од христијанизација особено оние што се однесуваат на демоните и истите понекогаш се среќаваат и во христијанската демонологија. Сите овие приказни се дел од фолклорот на Италија .

Подолу е списокот на ликови кои се дел од италијанскиот фолклот и за кои се раскажувале приказни од кои некои датираат уште од времето на Стариот Рим.

  • Бефана е старица, честопати насмеана и со торба или вреќа полна со сите деликатеси и подароци за умните деца, но во торбата носи и јаглен за децата кои биле “неумни" во текот на годината. За да се добијат подароците, треба да се напише порака и на прозорецот или под каминот да се закачи чорап. Таа патува јавајќи на метла. Приказната за ликот е многу распространета и добро позната во Италија. Старицата долетува ноќта помеѓу 5-ти и 6 јануари, односно вечерта кога се слави Епифанија (Водици).[1] Ова веројатно е најпознатата фигура од народната традиција во Италија. Во некои мали градови фигурата на Бефана се заменува со други натприродни суштества кои носат подароци или јаглен.
  • Огарот во фолклорот и во бајките од земјите со европска култура е чудовиште, суров човеколик џин којшто јаде луѓе.
  • Марабека е легендарно суштество кое припаѓа на традицијата на Сицилија. Ова битие живее во бунари и веројатно било измислено од мајките за да ги плашат децата кои требало да стојат подалеку од опасностите на бунарот.
  • Момоти или моботи во традицијата Сардинија е црн човек или орка која ги грабнува децата кои не се однесуваат добро.
  • Бенанданти се суштества произлезени од паганско-шамански култ поврзан со плодноста на земјата присутни во Фриули околу 16-17 век. Тие биле мали заедници кои се бореле да ги заштитат селата и полиња од злото на вештерки.
  • Стрего е лик во народната традиција на Гарфањана. За разлика од класичните вештерки и врлоци, кои правеле магии и им носеле зло на луѓето, стрегото се чини имал некакви поамбициозни цели и вообичаено ги игнорирал другите човечки суштества, претпочитајќи собирање во групи заради некакви церемонии кои не се најдобро идентификувани.
  • Орколат е монструозно битие кое народната традиција покажува го назначува како причина за земјотреси во Фриули.
  • Маскингана, буквално "господар на измамата", бил легендарнен лик на сардинскиот фолклорот кој уживал да се забавува со луѓето додека спијат будејќи ги во терор.
  • Петенеда е митско суштество кое припаѓа на традицијата на Сардинија и живее во бунари. Веројатно легендата била измислена од мајките за да ги плашат децата за да стојат подалеку од бунарот.
  • Џуфа е книжевен лик од народната сицилијанска и еврејско-шпанска усна традиција.[2]
  • Марангино е измислен лик во луканскиот фолклор. Митот има заеднички одлики со Монакичо и особено е распространет во провинцијата Матера.
  • Мајка на Сонцето е фантастично суштество на сардинската традиција. Се користи за да се плашат децата кои не сакате да спијат во текот на летното попладне, кога сонцето било пресилно.
  • Црн човек , или бабау (поретко бабао, барабао или бобо) во фолклорот на Италија и на другите европски региони било замислено чудовиште чии одлики не се добро дефинирани и традиционално се повикува за да се плашат децата.
  • Дедо Мраз или Свети Никола (во италијанската традиција познат како Сан Николо) е лик од светскиот фолклор.
Марионета која претставува бефана
Џанарите танцуваат во ноќите на Беневенто (Istoria della città di Benevento dalla sua origine fino, 1894)
  • Коги или брукси, во сардинската традиција се вештерки со лик на старица со моќ да земат каков било облик и димензија, било животински, било растителен или на човек. Биле многу опасни.
  • Џанари (еднин. Џанара) се вештерките на Беневенто познати по ужасни злодела.
  • Маџари, се вештерки на народната култура на Сицилија .
  • Пантасема е древна женска фигура поврзана со земјоделските обреди на паганската култура на централна Италија особено присутна во Лацио и Абруцо.
  • Вештерките на Валкамоник кои биле прогонувани помеѓу 16 и 17 век во познатата долина во Бергамо.
  • Борда е вид ужасна вештерка со врзани очи. Во мрачни часови и во магливи денови го убива секој оној кој имал несреќа да ја сретне. Тоа е персонификација на стравот поврзан со мочуриштата, езерата и каналите. Ја раскажувале возрасните за да ги исплашат децата и да ги држат настрана од овие опасни места.
  • Маска е значајна фигура во фолклорот и народното верување на Пиемонт. Нејзините натприродни моќи се пренесуваат од мајка на ќерка или од баба на внуците.
  • Басура, вештерка на лигурскиот фолклор чија традиција е распространета особено на Запад и според фолклорот била лоша. Се раскажува дека вештерката живеела во пештерите на Торино (кои се нарекуваат Вештерски пештери, италијански: Grotte della Strega ). Легендата се развила кога по откривањето на пештерите сите лавиринти биле затворени а ветерот предизвикувал чудни звуци. Басура не сака некој да влегува во нејзините пештери .
  • Џубијана е тенка вештерка со многу долги нозе и со црвени чорапи. Живее во шумата и благодарение на долгите нозе, никогаш не стапнува на земјата, туку се движи од дрво на дрво. Така ги гледа сите што ќе влезат во шумата и ги плаши, особено децата.
  • Џаните се дел од сардинскиот фолклор.[3] Тие живееле во т.н. џанарници (италијански: Domus de Janas) кои всушност биле гробници издлабени во карпа. Според други легенди, времето го поминувале во ткаење на златни рамки.
  • Ангуана (Агана) или Лонгана е водена нимфа која припаѓа на алпската митологија, исто така широко распространета во Умбриа а за која се зборува и во областа на водопадите на Мармор. Како водена нимфа, таа живее само во свежа вода, како езера, реки, потоци, водопади.
  • Бафардело е гоблин присутни во популарната традиција на провинцијата Лука, а особено Гарфањана. Бафардело е љубопитен ѓаволест гоблин.[4]
  • Њефро е гоблин на популарната култура на градот Терни и Валнерина.[5]
  • Мудиту е гоблин на популарната култура на Сицилија .
  • Маѕамурело или маџамурело е фантастично суштество на фолклорната традиција на Марке и Абруцо. Припаѓа на руралните традиции на во провинциите Фермо, Мацерата и Асколи Пичено .
  • Лауру, лаурел или лауриеду е злобно суштество во Саленто. Тоа е виленик кој создава страв но не се почитува.
  • Лењело наречен и лењеро, или лењелето е виленик или самовила присутна во популарната традиција на Кастели Романи кое има римски корени, а се среќава и во некои грчки или египетски верувања.
  • Линчето е виленик присутен во популарната традиција на провинцијата Лука но исто така и во Гарфањана.
  • Мазапегул се ноќни џуџиња.
  • Тума е гоблин со огромен нос, дел од апулијанскиот фолклор.
  • Ограничените духови се митски личности раширени во популарните традиции на североисточната Ломбардија, особено во долините на Бергамо, Вал Камоника и Валтеллина.
  • Пандаф е дух кој се јавува на сон во традицијата на Абруцо.
  • Според легендата, Ацурина била ќерка на одреден Уголинучо, господар на Монтебело, во средината на XIV век. Според популарната приказна таа мистериозно исчезнала.
  • Легендата за Бјанка ди Колалто раскажува за некоја млада слугинка која умрела заради љубомората на нејзината господарка.
  • Гурија е дух во традицијата на Барлета кој живее во куќите и се смета за сопственик на истите. Таа има хуманоидна форма и нејасно лице.
  • Амон е демон честопати именуван во христијанската демонологија, а можеби и именуван по христијанството бидејќи Амон е воедно и име на египетски бог.
  • Амунтадоре е суштество од сардинската митологија кое ќе ги напаѓа луѓето во сон преку кошмари.
  • Мајмоне или Мамутоне е божество во митологијата и културата на Сардинија. Со доаѓањето на христијанството, се претворило во демон.
  • Крампус е човек со козји лик кој талка по улиците во потрага по "лоши" деца.
  • Инкубо е дух прикажан со конусна капа на главата. Оној кој пронашол некој од овие духови се здобил со моќ да открие скриени богатства.
  • Сукуба е дух со женскиот изглед кој мами мажи. Се смета дека е инспириранаод божицата Венера која исто така честопати се обидувала да ги заведе мажите.

Животински суштества

[уреди | уреди извор]
  • Тирус е легендарен змеј што ги напаѓал мочуриштата на Терни во 1200 година. Жителите умреле задушени од застрашувачкиот здив што го ослободил чудовиштето. Тогаш еден млад човек од благородното семејство, од германско потекло, отишол да се сретне со ѕверот што бил скриен меѓу мочуришната вегетација, и по жестоката борба го убил, ослободувајќи ги сиромашните граѓани на Терни од смртта.
  • Грифонот, во антиката, бил симбол на божествената моќ и чувар на божественоста. Се користел во средновековното христијанство како симбол на Исус Христос, кој бил човек и божествен.
  • Каладрио или Каландро е бела птица која, според легендата, живеела во кралските градини.
  • Тарантазио е легендарен змеј што ги тероризирал жителите на езерото Герундо во областа Лоди. Се верувало дека голта деца, дека ги крши чамците и неговиот здив предизвикал чудна болест наречена жолта треска.
  • Седумглавиот змеј - според една легенда имало змеј со седум глави кои живееле во близина на провинција Бергамо, кој убивал добиток и пиел на вода што ќе обезбеди бесмртност.

Магични предмети

[уреди | уреди извор]
  • Скриксоксиу во сардиниската традиции е ковчег што му припаѓа на духот на починатиот член на семејството.
  • Книгата на командата (италијански: Libro del comando) - текстовите за црна магија со опишување на методите за препознавање и разликување на добрите и лошите духови, како и магични формули.[6]
  • Libro del Cinquecento или Libru do cincucentu е легендарна книга што ќе се чува во Фикара. Легендата вели дека тоа е книга за магија која содржи формули кои можат да ги надминат сите проблеми.
  • Мечот во карпата е магичен меч вграден во карпа. Овој меч се појавува во многу легенди, вклучувајќи го и животот на Сан Галгано (1148-1181).
Стилизирана илустрација на ѕверот Кузаго
  • Деновите на косот според традицијата се последните три дена на јануари. Исто така, според традицијата, тие се трите најстудени денови од годината.
  • Денови на старите според традицијата се последните три дена на март кога се враќа студот. Тие се сметаат за најстудените денови на пролетта.
  • Св. Ѓорѓи и змејот е легенда позната цела Италија, за витез кој го ослободил регионот од некој страшен змеј.
  • Ѕверот од Кузаго зборува за серија епизоди на напади од диви животни, првично се верувало дека е хиена побегната од циркус, но подоцна се покажал како волк, кон крајот на 11 век.
  • Приказни и легенди од Лунуџана, приказни за духови и фантастични ликови за мистерии и тајни. Голем број легенди кои се раскажуваат од генерација на генерација.
  • Митови и легенди на Сицилија.
  • Митови од Сиракуза се збирка на митовите и легендите кои се преданието уште од античките времиња.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  1. Judika., Illes (2009). The encyclopedia of spirits : the ultimate guide to the magic of fairies, genies, demons, ghosts, gods, and goddesses (1. изд.). New York: HarperOne. ISBN 9780061350245. OCLC 191931776.
  2. Ashliman, D. L. "Eat, My Clothes!". Clothes Make the Man - folktales of Aarne-Thompson type 1558 selected and edited by D. L. Ashliman. Retrieved 2009-10-13.
  3. Dolores Turchi, Leggende e racconti popolari della Sardegna,1984
  4. 1853-1920., Nieri, Idelfonso (2002). Vocabolario lucchese (Rist. anast. изд.). Lucca: M. Pacini Fazzi. ISBN 8872465222. OCLC 51911325.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  5. Christian Filagrossi, Il libro delle creature fantastiche, edizioni Armenia (Milano 2002), pag. 181
  6. Lisa., Roscioni (2003). Il governo della follia : ospedali, medici e pazzi nell'età moderna. [Milan]: Bruno Mondadori. ISBN 8842493791. OCLC 52501112.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]