Каѓеница е пештера и прибежиште - црква во Србија. Се наоѓа покрај десниот брег на Западна Морава, во близина на браната за хидроцентралата во Овчар Бања[1], во атарот на селото Дљин . Пештерата има површина од околу 50 со неколку помали „џебови“.[1] Пристапот до пештерата е уреден. Главната дворана во пештерата е сакрално-споменички простор.[1]
Во ѕидот на Каѓеница е направен прозорец, така што пештерата е доста добро осветлена.[1] Пред пештерата има голем крст.[1]
За време на Хаџи Продановата буна во пештерата, се криел народот од Турците. Меѓутоа, Турците го откриле прибежиштето и на влезот во натрупале грмушки и слама и запалиле оган така што народот во пештерата се задушил . Бидејќи народот се задушил во чадот (кадење) од овој настан, пештерата го добила името Каѓеница.[2] Коските на убиените во пештерата лежеле така до 1936 година.[3] кога на барање на тогашниот владика жички Николај Велимировиќ, биле погребани во два камени саркофази.[4] Приодот кон пештерата бил уреден пред почетокот на Втората светска војна.[4] Повторното уредување на пештерата и пристапот до неа бил направен во 1991 година.[2]
Каѓеница е под управа на манастирот Преображение. Секоја година на Видовден се одржува парастос.
|accessdate=
(help)
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име svetisava
.|accessdate=, |date=
(help)