Климатските промени во Австралија се критично прашање од почетокот на 21 век. Австралија станува се потопла и подложна на екстремни горештини, шумски пожари, суши, поплави и подолги сезони на пожари поради климатските промени. Климатските проблеми вклучуваат шумски пожари, топлотни бранови, циклони, зголемување на нивото на морето и ерозија.[2][3][4]
Од почетокот на 20 век, Австралија забележала пораст од над 1,4°C во просечните годишни температури,[5][6] Неодамнешните климатски настани, како што се екстремно високите температури и широко распространетата суша, го фокусирале вниманието на владата и јавноста на ефектите од климатските промени во Австралија.[7] Врнежите во југозападна Австралија се намалени за 10-20% од 1970-тите, додека југоисточна Австралија, исто така, доживеала умерен пад од 1990-тите. Врнежите се очекува да станат пообилни и поретки, како и почести во лето отколку во зима. Просечните годишни температури во Австралија се предвидува да се зголемат за 0,4–2,0°C над нивоата од 1990 година до 2030 година и 1–6°C до 2070 година. Просечните врнежи во југозападна и југоисточна Австралија се предвидува да се намалуваат во ова време, додека регионите како северозападниот дел може да доживеат зголемување на врнежите.
Климатските промени влијаат на животната средина и екосистемите на континентот.Австралија е ранлива на ефектите од глобалното затоплување проектирани за следните 50 до 100 години поради нејзините екстензивни суви и сушни области,и веќе топлата клима,високата варијабилност на годишните врнежи. Високиот ризик од пожар на континентот ја зголемува оваа подложност на промени во температурата и климата.Во меѓувреме,крајбрежјето на Австралија ќе доживее ерозија и поплавување од околу 8-88цм зголемување на глобалното ниво на морето. Загрозени се и уникатните екосистеми на Австралија, како што е Големиот корален гребен и многу животински видови.
Климатските промени имаат различни импликации за економијата, земјоделството и јавното здравје на Австралија.[8] Проектираните влијанија вклучуваат потешки поплави, суши и циклони.[9] Понатаму, населението на Австралија е високо концентрирано во крајбрежните области изложени на ризик од зголемувањето на нивото на морето, а постоечките притисоци врз снабдувањето со вода понатаму ќе се влошат. Изложеноста на домородните Австралијци на влијанијата од климатските промени се влошува поради социо-економски недостатоци кои се поврзани со нивната маргинализација.[2] Најпогодени од климатските промени се заедниците на север каде Абориџините и жителите на островот Торес теснец сочинуваат 30% од населението.[10] Абориџините и жителите на островот Торес теснец сместени на крајбрежниот север се најзагрозени поради социјалните и економските проблеми поради традиционалната храна, култура и здравје. Ова го покренува прашањето: "Дали треба да останеме или да се преселиме?" [10]
Австралија, придонесува за климатските промени, со емисиите на стакленички гасови по глава на жител над светскиот просек. Земјата е многу зависна од фосилни горива, иако покриеноста со обновлива енергија се зголемува.[11] Националните напори за ублажување се фокусираат на заложба за постигнување нето нула емисии до 2050 година според Парискиот договор, иако Австралија постојано се рангирала лошо во Индексот на перформансите на климатските промени и другите меѓународни рангирања за климатски цели и нивната имплементација. Адаптацијата може да се изврши на национално и локално ниво[12] и е идентификувана како приоритет за Австралија.