Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Вуелта а Еспања |
Доделена за | победник во комбинираниот пласман |
Локално име | Jersey Blanco (шпански) |
Историја | |
Прва награда | 1970 |
Изданија | 30 (до 2018) |
Последна награда | 2018 |
Прв победник | Гвидо Рејбрук (БЕЛ) |
Најмногу победи | Алехандро Валверде (ШПА) (3 победи) |
Најнов победник | Сајмон Јејтс (ВБР) |
Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања — еден од второстепените пласмани на велосипедската етапна трка Вуелта а Еспања. Овој пласман се пресметува со собирање на местата во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман (велосипедистот мора да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во комбинираниот пласман), каде предводник е оној велосипедист со најмал вкупен резултат.
Од 2006 година, предводникот во овој пласман ја носи белата маичка; во 2005 година тоа било златно-зелената маичка.
Наградата претежно ја освојуваат фаворитите на трката. Во периодот 2004-2011, победникот на генералниот пласман исто така бил победник и на комбинираниот пласман.
Комбинираниот пласман ќе биде прекинат во 2019 година. Оттогаш, белата маичка ќе биде наменета за најдобриот млад возач.[1].
Место | Велосипедист | Вкупно | Години |
---|---|---|---|
1 | Алехандро Валверде (ШПА) | 3 | 2003, 2009, 2012 |
2 | Алберто Контадор (ШПА) | 2 | 2008, 2014 |
Федерико Ечаве (ШПА) | 2 | 1990, 1991 | |
Роберто Ерас (ШПА) | 2 | 2002, 2004 | |
Шон Кели (ИРС) | 2 | 1986, 1988 | |
Денис Мењшов (РУС) | 2 | 2005, 2007 |
|