Корито (Гостиварско)

Корито

Воздушен поглед на селото Корито

Корито во рамките на Македонија
Корито
Местоположба на Корито во Македонија
Корито на карта

Карта

Координати 41°48′20″N 21°1′36″E / 41.80556° СГШ; 21.02667° ИГД / 41.80556; 21.02667
Регион  Полошки
Општина  Гостивар
Област Горен Полог
Население 57 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1230
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07041
Надм. вис. 1.425 м
Корито на општинската карта

Атарот на Корито во рамките на општината
Корито на Ризницата

Корито — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Корито го добило своето име по карсната депресија во која се наоѓа.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Гостивар, чиј атар се издига до сртот на планината Сува Гора, каде што се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.420 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 13 километри.[3]

Корито е изразено планинско село, кое се наоѓа на гребенот на Сува Гора. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари (околу 80), кои биле ископани на дното на една депресија. Дел од бунарите летно време пресушувале. Подалеку од селото извираат изворите Полце и Локва.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Чафкарник, Плошт, Маџова Ливада, Три Струнга, Крива Осојница, Гури Шипес (Орлов Камен), Срт, Кошари, Полце, Средок, Солиште, Батак, Чанак, Кленика, Љом, Ара Исакут (Исакова Нива), Главина, Ѓуле, Гури Крс (Крст Камен), Ќафа Пеклиште, Кодра Таул, Јалов Дол, Балка Рупа, Габер, Фуша (Поле) и Самари.[2]

Корито е типична селска населба од збиен и низински тип. Поделено е на онолку маала, колку што има родови, а тоа се 11 рода.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Корито е старо село и првично било населено со православно македонско население. Денешното муслиманско-албанско население не знае или не кажува дали при нивното населување на почетокот 1800-тите години затекнале село или не.[2]

Од поранешното македонско население останале два бунара, името на селото и многу топоними, што наведува дека постоел континуитет помеѓу иселените Македонци и доселените Албанци.[2]

Видиливи траги на старини во селото не постојат. По доселувањето на денешните жители, селото растело со поделба на задругата.[2]

Сите доселени родови потекнуваат од три предци, кои дошле од селото Реч во Горна Река, а водат потекло од Калиса во Северна Албанија. Доселените предци се викале Љатиф Баул, Али Карабаш и Шарове. Од првиот и вториот предок потекнуваат по три рода, додека од третиот предок потекнуваат четири рода. Доселувањето на Албанците се извршиле во време на тетовските паши, кои најпрвин им го нуделе селото Теново, но бидејќи овие предци имале многу стока го одбрале селото Корито на планината.[2]

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 31,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 1.252 хектари, на шумите отпаѓаат 731 хектар, а на обработливото земјиште 200 хектари.[3]

Врз основа на составот на атарот селото Корито има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948578—    
1953638+10.4%
1961718+12.5%
1971962+34.0%
1981875−9.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994715—    
2002675−5.6%
202157−91.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Корито живееле 154 жители, сите Албанци муслимани.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[6]

Корито е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 718 жители, а во 1994 година живееле 715 жители, албанско население.[3]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Корито, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 675 жители, од кои 673 Албанци и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 57 жители, од кои 54 Албанци и 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 154 578 638 718 962 875 0 715 675 57
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Корито е албанско село.[2]

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото:

  • Потомци на Љатиф Баул: Речалар (8 к.), името го добиле по селото Реч, од каде првично дошле; Кодралар (13 к.), името го добиле бидејќи куќито им се наоѓаат на возвишение (на албански „кодра“); Бардолар (7 к.) и Галапушке (10 к.), гранка на родот Бардолар, некој од родот нападнал непријател со празна пушка и така го добиле називот.
  • Потомци на Али Карабаш: Карабаше (12 к.), името го добиле по некој предок кој имал црна кожа, за нив се знае следното родословие (Амди со 21 година во 1949 година, Саит-Рушид-Зибер-Вели-Али Карабаш, основачот на родот); Пујлаке (16 к.), гранка на родот Карабаш, предците им биле ковачи и Заке (6 к.), гранка на родот Карабаш.
  • Потомци на Шарове: Шарове (4 к.), потекнуваат од предокот Шарове; Јонузолар (5 к.), Качучке (3 к.) и Каципуле (8 к.), сите гранки на родот Шарове.

Жителите на Корито имаат носија, говор и обичаи исти како Албанците од Горна Река и двете соседни сувогорски села Гургурница и Седларево.[2]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: од родот Речалар има иселеници во низинското село Радиовце; од родот Бардолар две семејства отишле во Радиовце; од родот Галапушке две семејства се иселиле во околината на Драч по Првата светска војна и од родот Шарове имаат иселеници во Горно Седларце.[2]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Корито било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Чегране.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Чајле, во која покрај Балин Дол се наоѓале Корито, Мало Турчане и Чајле. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на истоимената општина, во која било единствено населено место.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0503 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 670 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 670 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[16]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 173–174.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 158.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 214.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јуни 2023.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-06-26. Посетено на 26 јуни 2023.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]