Кримски ирис (Iris lutescens) — ризоматозно цветно растение од родот Ирис. Потекнува од Североисточна Шпанија, Јужна Франција и Италија. Се наоѓа на карпести или песочни ридови или во шуми.
Расте до 30 см во височина, со широки лисја исправени во форма на меч (околу 2,5 см ширина), произведува жолти,бели,сини или виолетови цветови во пролет (март -април). Претпочита целосно сонце, малку кисела почва и суви услови за време на неговиот мирен период во лето. Многу е издржливо, до -20°C или помалку.[1]
Ова растение се одгледува како украсно растение во умерените региони. Во Обединетото Кралство ја добило наградата на Кралското хортикултурно здружение за градинарски заслуги.[2][3]