Кристи Хајерим Ан (англиски: Kristie Hyerim Ahn, р. 15 јуни 1992 година во Флашинг Медоус, Њујорк, САД) е професионална американска тенисерка.
Таа има освоено седум сингл титули и две дубл титули на женски турнири на Меѓународната тенис федерација. На 9. септември 2019 година, Ан го постигна своето најдобро рангирање како 93та најдобра тенисерка во светот. Прв грен слем на кој учествувала е Ју-Ес Опен во 2008 година, кога Ан имала само 16 години.[1] Во 2019 година, таа стигнала до четвртата рунда на Ју-Ес Опен, постанувајќи прва Американска Азијатка со таков успех во Лилија Остерло во 2000 година.
Ан има корејско потекло. Таа израснала во Енгелвуд Клифс, Њу Џерси, САД.[2] Дипломирала на Стенфордовиот универзитет во 2014 година на програмата за Наука, Технологија и Општество.