Ксенте Богоев | |
---|---|
Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ | |
На должноста 1965 – 1967 | |
Претходник | Георги Филиповски |
Наследник | Благој Попов |
Петти Претседател на Извршниот совет | |
На должноста 1968–1974 | |
Претходник | Никола Минчев |
Наследник | Благоја Попов |
Претседател на Народната банка на Југославија | |
На должноста 1977–1981 | |
Претходник | Бранислав Чолановиќ |
Наследник | Радован Макиќ |
Четврти Претседател на МАНУ | |
На должноста 1992–1999 | |
Претходник | Јордан Поп Јорданов |
Наследник | Ѓорѓи Евремов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 октомври 1919 Леуново, Гостиварско |
Починал(а) | 20 април 2008 Скопје |
Националност | Македонец |
Партија | КПМ |
Установа | Економски факултет - Белград |
Професија | економист универзитетски професор академик |
Потпис |
Ксенте Богоев (Леуново, Гостиварско, 20 октомври 1919 – Скопје, 20 април 2008) — македонски економист, академик и универзитетски професор.[1]
Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград. Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.
Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди.
Во 2007 година бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.
Претходник Никола Минчев |
Претседател на Претседателството на СРМ 1968 — 1974 |
Наследник Благоја Попов |
Претходник Бранислав Чолановиќ |
Претседател на Народната банка на Југославија 1977 — 1981 |
Наследник Радован Макиќ |
Претходник Јордан Поп Јорданов |
Претседател на МАНУ 1992 — 1999 |
Наследник Ѓорѓи Евремов |
|
|
|
|