Лачната круна ( германски: Bügelkrone или Spangenkrone,[2] латински: faislum ), [3] обрачна круна, заоблена круна, или затворена круна, ― круна која се состои од „појас околу слепоочниците и една или две ленти над главата“.[4] Прво биле користени од династијата Каролинзи,[5] круните со обрач станале сè попопуларни меѓу кралските династии во доцниот среден век,[6] и доминантниот вид на круна во денешното време.[7]
Лачните круни биле воведени во германска Европа од династијата Каролинзи,[5] која го узурпирала престолот на Франкската Империја од династијата Меровинзи во 751 година. Сепак, нивната употреба датира од доцната антика во Римската Империја.[8] Каролиншката круна со обрач најверојатно[3] потекнува од современиот германски обрачен шлем(германски: Spangenhelm).[5] Најстарата таква круна е Круната на Света Вера во Конкес, која ја носеле Пипин I (797–838) или Пипин II (823–864) од Аквитанија.[3] Други Каролинзи за кои е познато дека носеле круни со обрач се Лудвиг II Германски (806–876), Карло II Ќелавиот (823–877) и Одо од Вермандоа (910–946).[3] Карло Велики (742–814) веројатно носел лачна круна, иако нејасноста на современите портрети, особено на печатите, значи дека тоа не може да се каже со сигурност.[9] Понекогаш, каролиншките лачни круни биле комбинирани со капа, носена одоздола.[4]
Иако круните со обрач биле карактеристични за каролиншките кралеви, имало и неколку други видови круни што ги носеле членовите на оваа династија.[4] На пример, Карло Велики носел и круна во облик на јака со додаток на предната страна.[9] Заедничките особености на повеќето каролиншки круни биле „капа или ленти над главата, рабови и пендилија“.[4] Некои од каролиншките круни биле имитации на современите византиски царски круни,[4] кои имале облик на затворена капа (камелаукион).[3] За возврат, римскиот император Јустинијан I Велики (483–565) имал лакови закачени на својата круна за да носи крст над неа, создавајќи го прототипот на подоцнежните лачни круни.[2]
Лачните круните станале распространети во доцната средновековна Европа.[6] Германската императорска круна била лачна круна.[6] Норманскиот крал Вилијам Освојувачот носел лачна круна, а во 12 век, кралевите на Унгарија ја измениле својата јака со два обрачи.[6] Во двата случаи, целта на усвојувањето на лакот не било да се чини дека зазема положба на потчинетост во однос на Светиот германски император.[6] Круната на Вилијам била направена по моделот на круната на императорот Ото I и слично украсена со дванаесет видови скапоцени камења.[10] Покрај тоа, Вилијам имал жезол и вирга, кои личат на императорските обележја.[10]
Сепак, не сите доцносредновековни круни имале лакови. На пример, француските кралеви од 15 век носеле круни од видот крин, јака украсена со четири кринови.[7] Круната со обрач станала распространет вид на круна во раниот нов век.[7]
|