Лемонсода е бренд на италијански газирани безалкохолни пијалоци кои се создадени во 1940-тите од страна на миланската компанија Сага и моментално во сопственост е на Royal Unibrew.[1]
Оригиналниот вкус на Лемонсода бил лимон. Орансода и Пелмосода, газирани сокови со вкус на портокал и грејпфрут, биле воведени во следните години. Во 1980 година, брендот бил продаден на Кродо, кој станал дел од Кампри груп во 1999 година. Во текот на сезоната 2003/2004 Лемонсода била официјален спонзор на фудбалскиот клуб Лече. Во 2005 година, тоник-вода со име Тониксода бил првиот производ Лемонсода роден под брендот Кампри. Во 2010 година, биле создадени две нови верзии на традиционалната лемонсода: Лемонсода Зеко без шеќер и Мохитосода, безалкохолен коктел кој е направен со сок од лимон и вкус на нане, со вкус на мохито коктел. Во октомври 2017 година, брендот Лемонсода бил продаден на Royal Unibrew за 80 милиони евра.[1]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |