Лоња | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Хрватска |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Сава |
• координати | 45°21′50″N 16°45′13″E / 45.3638° СГШ; 16.7537° ИГД |
Должина | 49.1 kм (161,000 ст)[1] |
Големина на сливот | 4,259 km2 (1,644 ми)[1] |
Особености на сливот | |
Течение | Сава→ Дунав→ Црно Море |
Лоња ― река во средишна Хрватска, лева притока на Сава. Таа е 49 км долга и нејзиниот слив зафаќа површина од 4,259 км2.[1]
Лоња се издига во планината Калник во северна Хрватска, југоисточно од Нов Мароф, на 46°07′57″N 16°22′17″E / 46.132404° СГШ; 16.371417° ИГД. Тече кон запад сè додека не се сврти кон југ кај Брезнички Хум, поминува источно од Свети Иван Зелина и врти југоисточно кај Света Елена. Источно од Лупоглав, повторно се врти на југ, минува низ Иваниќ-Град и се приближува до реката Сава.
Потоа тече напоредно со Сава до крајот на својот тек, а природниот парк Лоњско Поле, заштитено подрачје, го покрива остатокот од сливот на реката Лоња. При крајот на својот тек, реката се дели на Стара Лоња што се влева во Сава кај истоименото село Лоња; и огранокот Требеш или Требеж кој се спушта во Сава околу 5,5 км низводно во истоименото село Требеж кај 45°21′50″N 16°45′13″E / 45.3638° СГШ; 16.7537° ИГД.[карти 1]
Главните притоки на Лоња се: