Македонска Кандилка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Лилјановидни |
Семејство: | Лилјани |
Род: | Кандилки |
Вид: | F. macedonica |
Научен назив | |
Fritillaria macedonica Bornm. |
Македонска Кандилка (науч. Fritillaria macedonica) — флористички субендемит од семејството Liliaceae (кринови или лилјани), познат за планините Јабланица и Дешат, а ја има и во Албанија и Србија.[1][2][3]. Се наоѓа на светската црвена список на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants).[4]