Мангбит

Рок-музика
Стилско потекло:
Културно потекло: рани 1990-ти Бразил
Својствени инструменти:
Популарен: од 1990-те до денес

Мангбит – културно движење создадено околу 1991 година во градот Ресифе во Североисточен Бразил како реакција на културната и економска стагнација на градот. Движењето во голема мера се фокусира на музиката, мешајќи ги регионалните ритми на бразилскиот североисток, како што се маракуту, фрево, коко и форо, со рокот, хип-хопот, фанкот и електронската музика.

Движењето има свој манифест, „Caranguejos com Cérebro“ (Краби со мозоци на македонски), напишан во 1992 година од пејачот Фред 04 и диџеј Ренато Л. Неговиот наслов се однесува на жителите на Ресифе кои како краби живеат во мангрова средина на Ресифе. Главниот симбол поврзан со мангбитот е оној на антена заглавена во кал за прием на сигнали од целиот свет.

Мангбитот може да се подели на два различни бранови: првите во раните 1990-ти години предводени од музичките групи Чико сајанс (Chico Science) и Насао зумби (Nação Zumbi) [1], а втората во раните 2000-ти години предводена од Ре: Комбо (Re: Combo) (копилефт движење коешто испраќа половина избрана музика за преземање) и Кордел до Фого Енкантадо (музичка група која започнала како умешна театарска дружина со корени во форма на литература позната како "верижна литература" (literatura de cordel).

Оригиналното движење самото се нарекло „мангбит“, според мангровите гори на Ресифе и бит од компјутерите, заради тоа што тие имаат централно влијание на електронската музика.

  1. Brazilian Popular Music & Globalization. Routledge. 2001. стр. 29. ISBN 9780415936958. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]