Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
31 мај 1982 Сплит, Хрватска | ||
Националност | Хрватска | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | лево крило | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Јенимахале Блд. | ||
Број | 19 | ||
Сениорски клубови | |||
1996-2004 2004 2004-2011 2011-2012 2012-2014 2014-2016 2016- |
Сплит Калтенберг Локомотива Загреб Подравка Копривница Ичако Зајечар Вардар Јенимахале Блд. | ||
Репрезентација 1 | |||
Хрватска | 159 (428)[1] | ||
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 4 декември 2012 |
Маја Зебиќ (родена на 31 мај 1982 во Сплит)[2] е хрватска ракометарка која игра за Јенимахале Беледијеси и за хрватската репрезентација.
Во својата богата клупска кариера Зебиќ играла за Сплит Калтенберг, Локомотива Загреб, Подравка Копривница, Ичако, Зајечар и Вардар пред да дојде во Јенимахале.
Со Подравка има освоено седум шампионски титули и седум титули во Купот на Хрватска како и една титула во Регионалната лига во сезоната 2008-2009. Со хрватскиот шампион, исто така, играла во финалето на Купот на победници на куповите во 2005 година и во финалето на Купот на ЕХФ во 2006 година. По седум години во клубот од Копривница, во 2011 година се преселила во Ичако каде го имала своето прво искуство во странство. Во Итчако се задржала само една сезона и триумфирала во Суперкупот на Шпанија, но играла и во финалето на Лигата на шампионите во кое сепак шпанскиот тим бил поразен од норвешкиот Ларвик. Од 2012 до 2014 година настапувала за српскиот Зајечар со кој го освоила Купот на Србија, а во 2014 година дошла во Вардар. Во 2014, 2015 и 2016 година, таа триумфирала со Вардар во Македонското првенство и Купот на Македонија. Пред почетокот на сезоната 2016-2017 таа се преселила во турскиот клуб Јенимахале Беледијеси.[3]
Од 2006 година, Маја Зебиќ е стандардна во составот на репрезентацијата на Хрватска со која има настапено на четири европски и на три светски првенства, а била дел и од олимпискиот тим што го освоил 7.место на ОИ 2012 во Лондон.